Македонски Телеком со пресврт во последните минути до победа над Маркарт

Во првиот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Уника, Гранит и Македонски Телеком.

Гранит убедлив во дуелот со Искрател Груп

Гранит 11-2(5-1) Искрател Груп

Гранит: Стефан Тевдовски 15’ Дарко Петров 21’ 30’ 37’ Сашо Каровски – Џуме 28’ Николче Глигуровски 18’ Пепи Мицев 18’ Марјан Пачарски 11’ 12’ 29’ 31’

Искрател Груп: Дарко Видиниќ 20’ 32’

Четиринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Гранит и Искрател Груп.

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Искрател Груп, првиот дел од полувремето помина во мирен ритам на игра во кој и двете екипи ги одмеруваа силите и беа претпазливи особено во фаза на одбрана. Но како одминуваше времето екипата на Гранит ја превзеде иницијативата и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Искрател Груп што резултираше со погодоци и висока предност на полувремето од 5-1. Во вториот дел екипата на Искрател груп со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Гранит со одлична игра во фаза на одбрана и напад не дозволи инзненадување и го доби овој натпревар со убедливи 11-2.

Македонски Телеком со пресврт во последните минути до победа над Маркарт

Маркарт 2-3(2-1) Македонски Телеком

Маркарт: Александар Ристовски 4’ Александар јаневски 3’

Македонски Телеком: Даниел Анчевски 12’ 40’ Стефан Наскоски

Екипата на Маркарт одлично го отвори натпреварот против екипата на Македонски Телеком, со два постигнати погодоци во 3та и 4та минута успеа да внесе одредена доза на паника во редовите на Македонски Телеком. Екипата на Телеком по оваа негатива со честа ротација на играчи и промена на тактики во 12та минута успеа да го намали водството на 2-1. До крајот на полувремето екипата на Маркарт со одлична игра во одбраната успеа да го сочува својата мрежа па на паузата замина со предност од 2-1. На стартот на вториот дел екипата на Телеком фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива и во игра внесоа голман играч. ЕКипата на Маркарт се до последните две минути од натпреварот успеваше да одолее на овој жесток притисок од екипата на Телеком, но во 38та и 40та минута попушти концентрацијата па Телеком успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 2-3.

Уника со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 5-11(3-3) Уника

Аџибадем Систина: Горан манов 6’ Кристијан Димковски 1’ 26’ Никола Малјановски 8’ 29’

Уника: Арбен нухиу 17’ 35’ Бенјамин Граинца 11’ 39’ Тимотеј Нешовски 18’ 21’ Васко Кокаланов 26’ 27’ 33’ Шабан Чупи 31’ 40’

Фуриозен почеток на екипата на Аџибадем Систина во дуелот со Уника, екипата на Систина своите први три шански успеа да ги претвори во погодоци за солидно водство од 3-0 до 8та минута. Екипата на Уника со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок и да го намали високот водство на екипата на Систина. До крајот на полувремето екипата на Уника успеа да го израмни резултатот и на паузата да замине со 3-3. Во второто полувреме видовме едно ново лице на екипата на Уника која со агресивна игра успеваше да креира многу шанси за погодок што се одрази на конечниот резултат и висока разлика од 5-11.

26 февруари 2019 - 15:07