Маџовски ја предводеше екипата на ЕВН до победа над ЕЛЕМ

Македонски Телеком и ЕВН со победи го отворија 17. коло во Бизнис лигата на Македонија. Џонсон Мети победи службено.

Македонски Телеком под диригентската палка на Пацоли - Велигденов до победа над Уни Банка

Уни Банка 3-5(1-1) Македонски Телеком

Уни Банка: Марко Ташков 23’ Александар Кузинаков 40’ Ивица Орозовски 20’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3’ Стефан Насковски 35’ Даниел Анчевски 30’ 37’ Садики Тасим 29’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Уни Банка и Македонски Телеком, прва до водство дојде екипата на Телеком преку одличен погодок на Михајловски во 3та минута. Ова рано водство ја примора екипата на Уни Банка да го подигне темпото на игра и да се префрли на противничката половина, но екипата на Телеком имаше одлична игра во одбраната и не и дозволуваше Уни Банка да дојде до израмнување. Во финишот од полувремето екипата на Уни Банка успеа да искористи грешка во одбраната на Телеком за израмнување на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка успеа да постигне брз погодок и да направи целосен пресврт во натпреварот. По ова екипата на Телеком во игра внесе голман играч како би добила вишок во нападот што вроди со плод и за кратко време успеа да се врати во натпреварот да го превземе водството и да го добе овој дуел со резултат од 3-5.

Искрател Груп (0-3) Џонсон Мети– службена

Маџовски ја предводеше екипата на ЕВН до победа над ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 5-7(2-4) ЕВН

ЕЛЕМ:Селвет Речепи2’ Златко Станковски 12’ Влатко Петровски 22’ 25’ Ристе Стефановски 35’

ЕВН: Вилијам Митев 5’ 38’Илија Мандаров 17’ Бојан Маџовски 16’ 19’ 32’ Томи Илиевски 26’

Екипите на ЕЛЕМ и ЕВН одиграа прво полувреме кое изобилуваше со отворен фудбал. И двете екипи целосно го имаа ставено акцентот на играта во нападот па доаѓаа до изгледни шанси за гол, се играше израмнето гол за гол се до 15та минута кога кај ЕВН проработе Маџовски кој со два погодоци го однесе ЕВН со резултатска предност од 2-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да го израмни резултатот на 4-4, но екипата на ЕВН имаше своја вечер и со одлично контролиран напад и перфектна реализација дојде до победа од 5-7

19 март 2019 - 13:18