Пекабеско со фантастична игра до победа над ЈСП

Окта, Вип и Пекабеско славеа победи во третиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ВИП ја искористи кратката клупа на ЕЛЕМ и дојде до победата

ЕЛЕМ 3-6(2-2) ВИП

ЕЛЕМ: Павле Маџовски 9’ Златко Станковски 12’ Ивица Апостоловски 22’

ВИП: Мартин Тодоровски 3’ 20’ 27’31’ Васко Дојчинов 35’ Мартин Ангеловски 40’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и ВИП. И на двете страни се играше доста цврсто во одбраната екипите не дозволуваа лесно да се дојде до отворен шут на гол. Во ваквата израмнета игра и двете екипи успеаа да постигнат по два гола и на полувремето да заминат со нерешен резултат. На почетокот на второто полувреме се продолжи со егал натпревар но екипата на ВИП успеа да ја искористи кратката клупа на ЕЛЕМ и со чести измени држеше високо ниво на игра што на крајот резултираше со висока победа од 3-6.

Окта супериорна во дуелот соLC Waikiki

Окта 9-5(3-1)LC Waikiki

Окта: Драганче Стојановски 25’ 29’ 40’ Живко Котевски 40’ Александар Јовчевски 21’ 22’ Душан Босиљанов 6’ 11’ 28’ 40’ Виктор Ристовски 14’ 30’

LC Waikiki: Едит Салковиќ 34’ 35’ 37’ Алојз Перхај 5’ Стефан Цветановски 35’

Екипите наLC Waikikiи Окта одиграа прво полувреме во кое кај Окта до израз доаѓаше колективната игра, додека пак кајLC Waikikiбеше воочлива слабата физичка подготвеност. Иако на полувремето се отиде со 3-1 во корист на Окта екипата наLC Waikikiбеше настојчива и се обидуваше да фати резултатски приклучок. Окта продолжи со тимска игра и максимално ја користеше долгата клупа што вроди со плод и се стекнаа со високи 9-1 на 7 минути до крајот на мечот.LC Waikikiна 4 минути до крајот на мечот со 4 погодоци успеа да го ублажи поразот кој на крајот изнесуваше 12-5.

Пекабеско со фантастична игра до победа над ЈСП

ЈСП 4-5(0-3) Пекабеско

ЈСП: Маријан Србиновски 34’ Љупчо Павловиќ 26’ 28’ Сабит Хусеини 38’

Пекабеско: Андрија Периќ 18’ Мартин Здравевски 29’ Стефчо Стојановски 11’ Стефан Благоевски 17’ 27’

Екипата на Пекабеско во дуелот со ЈСП одигра префектно прво полувреме. Во текот на целото полувреме играше борбено со притисок во предно поле и со огромна желба за победа. Екипата на ЈСП како да беше малце изненадена од ваквата игра па Пекабеско на полувремето отиде со водство од 0-3. Во второто полувреме Пекабеско продолжи со ист ритам на игра но ЈСП успеа да ги консолидира своите редови и со нешто поорганизирана игра да го намалува водството. Екипата на Пекабеско о финишот покажа карактер успе да го сочува водството и да го добие овој натпревар со 4-5.

21 февруари 2019 - 13:09