Вип со одлична игра дојде до победа над Уника

Борис трајковски и Вип славеа победи во последниот ден од 21. коло од Бизнис лигата на Македонија, а Лукоил и Сава Осигурување одиграа без победник.

Вип со одлична игра дојде до победа над Уника

Уника 5-8(3-4) Вип

Уника: Арбен Нухиу 20’ Бенјамин Граинца 21’ Даниел Стојковски 19’ 40’ Кренар Сума 14’

Вип:Ненад Богдановиќ 23’ Мартин Ангеловски 18’ Мартин Тодоровски 7’ 8’ 10’ 31’ 36“ Иле Никодиновски 32’

Одлично прво полувреме за екипата на Вип во дуелот против Уника, уште на самиот старт екипата на Вип наметна високо темпо на игра и успеа да стввори неколку шанси за погодок, па успеа да реализира во 7та и 8та и 10та минута преку Тодоровски за водство од 3-0. Екипата на Уника по оваа негатива започна со поагресивна игра па успеа до крајот на полувремето да дојде до само гол негатива 3-4 резултат со кој се замина на паузата. На стартот на второто полувреме екипата на Уника преку евро голот на Граинца успеа да дојде до израмнување на резултатот на 4-4. По ова изедначување екипата на Вип прикажа игра на едно повисоко ниво и за брзо створи разлика која екипата на Уника не можеше да ја стигне, па на истекот на времето Вип имаше предност од 5-8.

С.Ц. Борис Трајковски со пресврт до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 6-10(5-4) С.Ц. Борис Трајковски

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 12’ Георги Божиков 8’ 18’ Милорад Миновски 1’ 3’ Лазе Божиновски 34’

С.Ц. Борис Трајковски: Горан Андоновски 40’ Јован Димовски 30’ 32’ Оливер Китановски 6’ 27’ 32’ 37’ Дарко Филиманов 4’ 10 ‘

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – Гим и С.Ц. Борис Трајковски, екипата на Фабрика Карпош одлично го отвори овој натпревар со двата погодоци на Миновски во 2та 3 та минута за водство од 2-0. По ова следуваше брз одговор на екипата на С.Ц. Борис Трајковски со погодоци во 4та и 6та минута за израмнување на резултатот на 2-2. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични периоди на игра но поуспешна во ова полувреме искочи екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која на паузата замина со 5-4. На стартот на второто полувреме екипата на Борис Трајковски успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување, по ова израмнување започна вистинска бркотница по целиот терен во која поуспешна беше екипата на Борис Трајковски која го доби овој натпревар со 6-10.

Екипите на Лукоил и Сава Осигурување ги поделија бодовите

Лукоил 6-6(3-2) Сава Осигурување

Лукоил: Љупчо Апостоловски 33’ Гоце Мојсовски 18’ Мартин Алаѓозовски 20’ Лоренцо Николовски 27’ Антонио Фенов 17’ 36’

Сава Осигурување: Јовица Марковски 15’ 26’ 39’ Трајче Илиевски 2’ 28’ Андреј Китановски 37’

Одлично воведни минути одигра екипата на Сава Осигурување во дуелот со Лукоил, видовме рано водство во 2та минута со погодокот на Илиевски. Овој рано постигнат погодок за екипата на Сава Осигурување ја изненади екипата на Лукоил која во почетните минути не можеше да ја пронајде својата игра па екипата на Сава Осигурување успеа да постигне уште еден погодок во 15та минута за водство од 0-2. Во последните минути од полувремето екипата на Лукоил изигра маестрално па за само три минути успеа да направи целосен резултатски пресврт за водство од 3-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот, по ова израмнување двете екипи се менуваа во притисокот кон противничкиот гол и во таквата игра постигнаа по еден гол што ја направи завршницата на овој натпревар интересна. Во ваквата завршница екипите ги поделија бодовите со резултат од 6-6.

19 април 2019 - 16:16