Деновиве војната повторно стигна до Одеса, стотици километри оддалечена од фронтот, и тоа не благодарејќи на најразличните руски ракетни системи, туку на увезените ирански камикази дронови.
Руската влада направила грешки за време на делумната мобилизација на резервниот состав, прибирајќи и тоа што смее и тоа што не смее, изјави човекот што ја нарача мобилизацијата.
Притисокот од кинескиот претседател Ши Џинпинг, а не украинската контраофанзива, е причината зад неодамнешните одлуки на рускиот претседател за мобилизација и референдуми, тврди негов поранешен советник.
Годишното производство на комплетната американската воена индустрија вообичаено е околу 30.000 155-милиметарски гранати за хаубиците што САД и ги испорача на Украина. Во борбите на фронтот украинска армија овие 30.000 гранати ги троши за околу 2 недели.
На границата меѓу двете земји има 20-километарска колона (во насока од Русија кон Грузија) каде се чека и по 40 до 50 часови, формирана во деновите откако Путин објави делумна мобилизација на руските резервисти. Башка тие што одат пешки, на точаци и слично.
Најновите крстосувачки ракети и хеликоптери на руската армија се полни со децении стара технологија од старите модели на истото оружје, покажува истрагата на остатоците од руското вооружување собрани во Украина.
Украинската армија ја почна својата офанзива и веќе притиска кон Херсон и освојува територија што со месеци беше под руска окупација. Меѓутоа ниту една педа од територијата не е евтино добиена.
Европа не обрнува доволно внимание на пораката што сред војна доаѓа од Кремљ и на вистинските обиди за предизвикување на социјални немири, пишува Марија Тадео во текстот за Блумберг.
Поранешниот началник на британскиот генералштаб, нема ниту една оптимистичка порака за Украинците и за крајниот исход од војната што се случува на нивна територија, само дека Украина со тек на време ќе треба да почне да се подготвува поинаку да размислува.
Во некоја од битките украински единици стигаат до руски панцир (обложена метална плоча) и новите руски шлемови. Доколку е автентично видеото, панцирот ги штити Русите од промаја и речиси ништо повеќе од тоа, а шлемот веројатно само ги поти.
Од вооружување дронот има само камера, која во живо ја пренесува снимката. Должината му е неполни 17 сантиметри и сето тоа спакувано во 33 грама. Дронот, со таа тежина и батерија, има домет од речиси 2 километра, може да лета 25 минути а максималната брзина е 17,7 километри на час.
Соединетите држави мислеа дека Авганистанците ќе се борат, а Украинците ќе се предадат. Реалноста инсистира на преиспитување на анализите што доведоа до овие заклучоци.
Украина ќе влезе во период на максимална ранливост како што традиционалниот руски сојузник, Генерал Зима, стапува на сцена а Кремљ почнува да ги стега енергетските шрафови на премрзнатите европски сојузници на Киев, пишува британски Телеграф.
Од април годинава воената поддршка на Европа за Украина е во константен пад, а минатиот месец европските воени сили им дале нула воени ветувања на властите во Киев.
Ендру Бусаманте е поранешен шпион на ЦИА кој денес работи како „консултант за приватно разузнавање“. Лекс Фридман е професор на МИТ и подкастер, роден во советска Русија од родители со украинско-еврејско потекло. Фридман се обидува на Бусаманте да му ги претстави сите човечки и хумани аргументи зошто Украина ќе и треба да победи, Бусаманте пак се држи до чиста аналитика.
Без разлика кој индикатор го користиш, рускиот претседател Владимир Путин победува на енергетските пазари. Москва заработува стотици милиони долари секој ден за да ја финансира инвазијата на Украина и да ја купи домашната поддршка за војната, пишува Хавиер Биас во текстот за Блумберг.
„Само 30% од помошта во оружје за Украина стигнува до крајната дестинација,“ е едно од тврдењата на документарецот на Си-би-ес работен неколку месеци на терен во Украина, кој телевизиската мрежа целосно го збриша само неколку дена по објавувањето.
Минатата недела организацијата објави извештај во кој ги обвини украинските сили дека ги загрозуваат цивилите со тоа што се барикадираат во цивилни области, згради, училишта и болници, што за британски Тајмс покажува колку Амнести интернешнл станале пропагандисти на Путин.
Се гаси улично осветлување, базени не се топлат, цели градови ја гасат топлата вода за туширање, претседателската палата во Берлин веќе не е осветлена, а општини низ земјата подготвуваат „центри за греење“ на кои луѓето би можеле да се загреат за зимоска да не измрзнат. Сè ова само за да се забави празнењето на резервите со гас за зимоска. И сè може да е задоцнето.