Анализа на Путин и војната во Украина од екс-шпион на ЦИА

Ендру Бусаманте е поранешен шпион на ЦИА кој денес работи како „консултант за приватно разузнавање“. Лекс Фридман е професор на МИТ и подкастер, роден во советска Русија од родители со украинско-еврејско потекло. Фридман се обидува на Бусаманте да му ги претстави сите човечки и хумани аргументи зошто Украина ќе и треба да победи, Бусаманте пак се држи до чиста аналитика.

„Ретко кога јас зборувам само за мое размислување, порадо би споделил моја процена, зошто проценувам некоја работа на одреден начин, наместо кое е мое рандом мислење,“ ќе порача Бусаманте уште на почеток од разговорот.

 

17 август 2022 - 13:34