- Информацијата е од претседателот на Индонезија, кој потврди дека Путин лично му кажал дека ќе присуствува на самитот закажан за ноември.
- Тој го најави и присуството на кинескиот претседател Ши Џинпинг.
- Ова ќе биде прво подалечно патување на Путин од Русија од почетокот на војната во Украина, и прва директна средба со Бајден, западните лидери и Зеленски.
- За сега присуството не е потврдено од кинеската и од руската влада.
- Норвешката полиција синоќа го уапсила Мариус Борг Хојби, 29-годишниот син на принцезата Мете-Марит и посинок на принцот Хакон, поради нови обвинувања за нанесување телесни повреди, закани со нож и прекршување на забраната за движење.
- Поради новите обвиненија може да биде задржан во притвор четири недели.
- Хојби утре требаше да се појави на суд во врска со посебно обвинение од 38 точки за силување, семејно насилство, напад и поседување дрога. Му беше дозволено да се брани од слобода.
- Случајот беше отворен во 2024 година, откако полицијата го осомничи Хојби за физички напад врз жена со која бил во врска. Тој призна дека ѝ нанел телесни повреди на жената додека бил под дејство на кокаин и алкохол и дека го оштетил нејзиниот стан. Ги отфрла обвиненијата за силување.
- Исламската Република Иран сега ги смета за „терористички“ војските на сите членки на Европската Унија, како реципрочен одговор откако ЕУ ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка група.
- „Со обидот да ја нападнат Гардата, која всушност е најголемата пречка за ширење на тероризмот во Европа, Европејците пукаа во себе. Преку слепа послушност кон Американците, донесоа одлука против интересите на сопствениот народ“, изјави претседателот на парламентот, Мохамед Багер Калибаф, кој порано беше командант на Револуционерната гарда.
- Како симболичен протест, сите пратеници на седницата биле облечени во униформи на Гардата.
- Министерството за надворешни работи објави дека ова е „минималната контрамерка“ на Техеран. Биле разгледани низа мерки и на надлежните тела им биле испратени предлози за одговор на „незаконскиот, неразумен и многу погрешен потег на ЕУ“.
- Портпаролот Есмаил Багеи додаде дека се повикани на разговор сите амбасадори на ЕУ во Техеран.