Идејата за која на големо се зборуваше во италијанскиот печат е на Горан Атанасов, кој живее во Италија и кој ја бодрел Македонија и претходно во Палермо. Вели дека македонското знаме на малиот Сантијаго ќе му остане како сувенир од натпреварот, само можеби нема да му се допаднат боите, бидејќи на косата му бил нацртан амблемот на Лацио, а македонско знаме има исти бои како Рома.
Како што само може да се очекува кога цел западен свет ќе го блокира извозот во твојата земја, но и понатаму ќе остане навлечен на твојата нафта и гас, и гнасно ќе ја плаќа, така Русија 2023 ќе ја заврши со блесав плус во трговијата со странство од 75 милијарди долари.
Масовната смрт и уништувањето на Јапонија во Втората светска војна го подисплаши тогашниот воен скретар на САД, дека Америка ќе добие репутација дека го надмашила Хитлер по сторените злосторства. Истиот тој човек подоцна потпиша атомски напад на Хирошима и Нагасаки. Актуелното спржување на Газа, Израел го правда со таквите и слични „светли примери.“
Аргентинските навивачи докажано се најверни на светот. Го покажаа тоа и минатиот викенд кога околу 100.000 пристигнаа во Рио де Жанеиро да ја бодрат Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес против Флуминенсе. И покрај тоа што место на трибините имаше само за 30.000 следбеници на Бока, другите дошле да бидат поблизу до клубот. Некои го следеле мечот од фан базата на Копакабана.
Тренерот на Барса Чави очигледно го знае рецептот како да го врати сјајот на клубот. Станаа шампиони во Ла Лига а сега во Лига на шампиони блескаат со нови деца од својата академија Ла Масија.
На израелските војници кои волонтираа да се приклучат на војната против Хамас не им е право што синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и понатаму дреме во Мајами.
Ако некои навивачи најеуфорично прославија пласман во Лига на шампиони после цели 20 години, тоа се оние на Њукасл. Просто уживаат во новата сезона на ЛШ а синоќа како јагодка на тортата се насладија и на историски триумф од 4:1 против богатиот ПСЖ.
Навивачите на Селтик кои важат за антифа и станаа прочуени со масовната борба за Палестина во конфликтот со Израел, веќе неколку пати од трибините вадат покривни знамиња со натписи на тема антифашизам како и казни и бесилки за Бенито Мусолини, познатиот италијански фашистички лидер од минатото.
Во април годинава за Барселона дебитираше нов чудесен талент. Ламин Јамал имаше само 15 години и 290 дена кога истрча на теренот и стана вториот најмлад дебитант во историјата на клубот. Од дебито помина помалку од пола година а Јамин Ламал веќе е суперѕвезда околу која се врти играта на Барса и дебитираше за Шпанија.
Паралелно со квалификациите за ЕП 2024, се играат и квалификациски дуели во У-21. По триумфот над Шведска на гости, нашите загубија дома од Холандија. За гол број 1 во таа конкуренција го прогласуваме оној на Николас Мучи од Швајцарија. Страшен потег на малиот.
Фудбалот во САД ќе се смета пред и по доаѓањето на Лионел Меси. Аргентинецот прави шоу на секој меч за Интер Мајами којшто со него, со Жорди Алба и Серхио Бускетс делува непобедливо. Синоќа го совладале Лос Анџелес на гости во Калифорнија. Меси на втор меч по ред не постигна гол но затоа подели две врвни асистенции до Алба и Кампана.
Има само 20 години, а ја игра третата сезона за Динамо Загреб како играч од среден ред. Јако соло на малиот кој намали на 3:1, ама што фајде, кога Хрватите примија и четврти погодок во 87-ма минута и се соочија со елиминација и во Лига Европа од Спарта Прага. Загубија 4:1 на гости после триумфот дома од 3:1. Од квалификации за ЛШ, Стефан Ристовски спадна на групи во Конференциска лига.
Малиот Карлитос сега има 20 години и 2 Гренд слем пехари на свое конто. Шпанскиот ас во големото финале го собори кралот на Вимблдон Новак Ѓоковиќ и славеше со 3:2 во сетови. Светската јавност во него гледа иден доминантен тенисер кој ќе си собере сите трофеи. Во моментов е број 1 на ранг листата.
По болниот раскин со Барселона и авантурата во Париз, Лионел Меси реши, по сопствено признание да отиде во средина каде ќе има повеќе мир и спокој за него и неговото семејство. Во САД претходно такво нешто наоѓаа Руни, Бекам, Гвардиола, Џерард, но не и Лео.
До првиот меч на Манчестер Јунајтед во Премиер лига остана уште еден месец, а екипата уште не знае кој ќе ја чува мрежата во новата сезона. На Де Хеа му истече договорот и тој добил по признание на Рио Фердинанд лош третман и непочит од клубот. Во меѓувреме понудени се 45-50 милиони евра за Камерунецот Онана од Интер. А додека го чекаат него го довеле 20-годишниот Јапонец Зајон Сузуки со кого е потпишан 5-годишен договор.
Заборавете на сите приказни поврзани околу Никола Јокиќ и неговиот прогрес во кариерата. Го имаме најдоброто објаснување за патот на буцкото од Сомбор до САД. Браво, убав лик. А малиот пак едвај го издржа ова снимање.
Режисерот кој на вистинскиот Титаник има поминато повеќе време отколку оригиналниот капетан на бродот, ја критикуваше туристичката авантура да се организира скапо патување до потонатиот брод кое заврши фатално за четворицата патници и пилотот на подморницата (оној со џојстикот). Камерон е запрепастен од сличностите во судбините на големиот Титаник и малиот Титан.
На мечот против Бетис во Ла Лига, Чави пред еден месец во игра стави дете на само 15 години и 290 дена со што го направи најмлад дебитант на каталонскиот тим во 21 век. Малиот се вика Јамал Ламин, потекнува од Ла Масија, а во полуфинале на ЕП У-17 против Франција се истакна со страшен погодок во дресот на Шпанија. Допрва изгледа ќе слушаме за него.
Лутон не е баш мало место. Има население од 286.450 жители, се наоѓа на 50-ина километри северно од Лондон. Истоимениот клуб од овој град направи големо чудо и се пласираше во раскошната Премиер лига. И ќе заработат вреќи со пари (околу 170 милиони фунти). Ама „си направија проблем“. Нивното стадионче е за трета, четврта лига, не и за Премиер.
Секоја година баражот за пласман во Премиер лига во Англија носи неверојатни приказни. Овојпат среќлија е Лутон Таун кој се избори во страшно тешката лига Чемпионшип да стигне до финалето на плејоф а таму да го победи Ковентри на пенали и да влезе во богатата Премиер лига.
Во најскапиот меч на светот, финале на плејоф за Премиер лига, меч во кој за победникот следат околу 200 милиони евра, на „Вембли“ Лутон Таун на пенали го победи Ковентри и влезе во елитната и најбогата лига на светот.
Ако злосторствата од нашите црни хроники не се паметат, тоа не е затоа што никогаш порано не се случиле во нашиот живот, туку само затоа што - како што кажува самиот збор - не сме се сетиле на нив. Сите овие злосторства, накратко, се незапаметени од една едноставна причина - нашиот народ слабо памти.