Додека го чека Онана, Јунајтед купи јапонски голман роден во САД

До првиот меч на Манчестер Јунајтед во Премиер лига остана уште еден месец, а екипата уште не знае кој ќе ја чува мрежата во новата сезона. На Де Хеа му истече договорот и тој добил по признание на Рио Фердинанд лош третман и непочит од клубот. Во меѓувреме понудени се 45-50 милиони евра за Камерунецот Онана од Интер. А додека го чекаат него го довеле 20-годишниот Јапонец Зајон Сузуки со кого е потпишан 5-годишен договор.

Го платиле 5 милиони фунти. Роден е на 21. август 2022-ра година во градот Литл Рок во САД од татко од Гана и мајка Јапонка.

На 16 години и 5 месеци малиот Сузуки станал најмладиот играч кој потпишал професионален договор во јапонскиот фудбал. Тој станал член на познатиот јапонски клуб Урава Ред Дајмнодс за кого дебитирал во мај 2021-ва година на мечот против Вегалт Сендаи. На првите три меча не примил гол.

Неговиот трансфер вреден 5 милиони фунти би требало да биде рекорден во историјата на јапонската лига.

 

7 јули 2023 - 11:26