Меси подаруваше асистенции во негов стил, Алба со нов гол

Фудбалот во САД ќе се смета пред и по доаѓањето на Лионел Меси. Аргентинецот прави шоу на секој меч за Интер Мајами којшто со него, со Жорди Алба и Серхио Бускетс делува непобедливо. Синоќа го совладале Лос Анџелес на гости во Калифорнија. Меси на втор меч по ред не постигна гол но затоа подели две врвни асистенции до Алба и Кампана.

Интер Мајами има 25 поени и останува и натаму во игра за плејофот во МЛС, а доколку влезе во доигрување, таму сигурно ќе биде голем фаворит. Малиот број освоени бодови се должи на натпреварите одиграни без Меси на почеток на сезоната.

 

4 септември 2023 - 09:02