Фермин Лопез се вика новото дете кое ги наполни сабајлево насловните страни на шпанските медиуми. 20-годишниот Лопез дебитираше во Лига на шампиони на мечот против Шахтјор (2:1) и со асистенција и прекрасен гол го воодушеви „Монжуик“ стадионот на кој Барселона игра привремено додека „Камп Ноу“ се реновира.
Феран Лопез имаше и статива и уште еден погодок но му го поништија поради офсајд.
Навивачите на Барселона после долго време конечно гледаат плејада свои деца на теренот.
„Отсекогаш бев ’малиот’, но имав добар тајминг овојпат. Беше тежок меч, тежок за нас, но на крај среќни сме што победивме. Тренерот ни кажа од старт дека ова е клучен меч за пласман во следна фаза. Имаме девет бода и на лично ниво среќен сум што му помогнав на тимот со гол. Никогаш не очекуваш но ова е нешто за што работев цел живот. Им благодарам на Чави и на клубот за нивната доверба“, рекол Фермин Лопез.
5 - Youngest players to score in their first Champions League start for Barcelona:
— OptaJose (@OptaJose) October 25, 2023
1⃣ Giovani dos Santos 🇲🇽 (18 years and 215 days)
2⃣ Pablo Torre 🇪🇸 (19 and 212)
3⃣ Sergi Roberto 🇪🇸 (19 and 302)
4⃣ Sergio Busquets 🇪🇸 (20 and 98)
5⃣ FERMÍN LÓPEZ 🇪🇸 (20 and 167)
Masia. pic.twitter.com/Ud31Sh9Ylt
На само три дена пред големото „Ел Класико“ Чави ќе може да смета на уште еден матурант од Ла Масија кој го положи испитот.
Пред него во првиот тим блескаше уште помладиот Ламин Јамал кој веќе дебитираше и за Шпанија. Фермин Лопез го продолжи договорот со Барселона до 2027. Фермин Лопез има 20 години и игра во средниот ред каде конкуренцијата во Барселона е најголема. Тој ќе може да учи од Френки де Јонг и од Илкај Гундоган.
Фермин Лопез веќе дебитираше во Ла Лига а има и гол против Мајорка, а претходно и во пријателски меч пред сезоната со Реал Мадрид.
Во системот на Барселона е од 2016-та а претходно играл во младинската школа на Бетис заедно со Гави. Тие биле многу блиски другари и живеат заедно.
„Гави е мој најдобар другар, секој ден сме заедно. Тој е многу импулсивен но добар дечко“.
Фермин изминатово лето можел да оди на позајмица но Чави бил против и постојано го фалел. „Тој е дел од првиот тим, заслужи шанса. Фермин ми се допаѓа, изненадување е за сите. Мислам дека може да ни помогне. Може да стане играч на Барселона на долги години. Спремен да игра на највисоко ниво“.
Интересно, првиот гол за Барселона со Шахтјор синоќа го постигна Феран Торес за кого ова беше трети гол во Лига на шампиони сезонава, а има пет гола на 8 последни меча во Лига на шампиони и стана втор Шпанец во историјата на Барселона на кого му успеало ова после Луис Енрике во ’90-те години кога дал пет гола на 7 меча во Лига на шампиони.