Меси мислеше дека ќе најде дерман во Мајами

По болниот раскин со Барселона и авантурата во Париз, Лионел Меси реши, по сопствено признание да отиде во средина каде ќе има повеќе мир и спокој за него и неговото семејство. Во САД претходно такво нешто наоѓаа Руни, Бекам, Гвардиола, Џерард, но не и Лео.

Меси се прости од европскиот фудбал и замина во Мајами каде потпиша договор со Интер Мајами. Една од причините бил и притисокот кој мислеше дека во САД нема да го има зошто генерално американската јавност не е многу запознаена со светскиот фудбал.

Но му се падна да дојде во Мајами каде има огромна аргентинска и општо латино-американска дијаспора која што допрва ќе го опседнува својот идол.

Лео по пристигнувањето во Мајами, бил во посета на познатиот ресторан Prima Pasta а на излез од ресторанот го начекало тоа што го чека секаде каде и да оди.

Еден навивач дури и го бакна идолот:

Во меѓувреме Интер Мајами се подготвува за наплив на многу гледачи, па го зголемиле и капациетот на малиот стадион. Поставиле дополнителна монтажна трибина и капацитетот е проширен на 18.000 места. Дебито на светскиот шампион со Аргентина во новиот дрес се очекува на 21 јули на домашен терен против Шарлот.

13 јули 2023 - 13:39