На мечот против Бетис во Ла Лига, Чави пред еден месец во игра стави дете на само 15 години и 290 дена со што го направи најмлад дебитант на каталонскиот тим во 21 век. Малиот се вика Јамал Ламин, потекнува од Ла Масија, а во полуфинале на ЕП У-17 против Франција се истакна со страшен погодок во дресот на Шпанија. Допрва изгледа ќе слушаме за него.