Викендов руски пијанист се врза самиот себе со лисици за влезот на еден московски Мекдоналдс во надеж дека така ќе го спречи заминувањето на ланецот за брза храна. Се работи за пијанистот Лука Сафронов (отприлика 270 кг.) кој може многу нешто да постигне со врзување за работи, меѓутоа не и оваа.
За разлика од ексцентричните полетни ама зелени тенисери кои тешко го изодуваат патот до професионализмот, Данил Медведев се изборил со сите предизвици и стигна до најголемиот пехар во неговата кариера.
Една од поубавите фотографии на Европското беше онаа од мечот Шведска - Украина на која еден до друг гушнати стоеа Украинец и Русин, секој со знамето на својата земја. Во еден момент останатите украински навивачи го нападнаа Русинот, а другар му го бранеше и го покри со своето знаме.
Вториот ривал на Македонија на Евро 2020, Украина ги промовираше дресовите со кои ќе игра на турнирот. Имаат три комплети: жолт, син и бел а главниот елемент на дресовите се контури на границите на нивната земја.
Рубин Казан успеа да го урне лидерот Зенит и тоа со гол во 90+2' минута. Денис Макаров тргна во една контра и сам ја шина одбраната на шампионот. Толку многу пати го изврте Хрватот Ловрен, што овој добил вртоглавица.
Иако веќе стана помалку депласирано да се омаловажуваат изданијата на скромниот состав, Македонија вечерва доживеа нов катастрофален пораз. Русија ги искористи сите наши слабости и на крајот славеше со 32:20 (19-9).
Бенедикт Хеведес е германски фудбалер кој игра за Локомотив Москва, а во минатото со успех го носеше дресот на Јувентус и Шалке. Одвреме-навреме пишува колумни.
Откако изгубија рекордно високо 64:0 од Унгарија, корејските ватерполистки денес играа против Русија. Изгубија 30:1, а историскиот гол кој го дадоа го прославија како да е шампионски.
Во понеделникот вечерта на стадионот на Локомотива Москва во населбата Черкизово се прикажала шестата епизода од осмата сезона на планетарно познатата серија „Игра на тронови“.
Поминаа 11 години од една од најголемите победи на Хрватска во историјата на нивниот фудбал. Ја шокираа Англија на Џерард, Лампард, Фердинанд и Крауч среде „Вембли“ и ги оставија без пласман на Европско.
Фудбалерите на Уругвај го декласираа домаќинот на Мундијалот со 3:0, а Саудиска Арабија ја оствари првата победа на Мундијалите по СП 1994 и му го запиша третиот пораз на Египет со гол во 95-та минута. Голманот на Египет стана најстар играч во историјата на СП.
Ако не сте голем љубител на англиската Премиер лига во ред е никогаш да не сте го слушнале името Марина Грановскаја. Ако не сте страстен навивач на Челси, речиси сигурно не знаете како таа изгледа.
Успешно деби на клупата на Зенит имаше Роберто Манчини па никој и не примети дека гостувале во Хабаровск на 6.200 километри подалеку од Санкт Петербург. Но тоа не е единствена далечна дестинација во првенствата ширум светот.
На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.
Кошаркарите на Босна и Херцеговина ги загубија шансите да се пласираат на Евробаскетот откако синоќа во Тузла вторпат загубија од Русија (78:67), но полошо од тоа делуваа сцените пред крајот на мечот кога капитенот Мирза Телетовиќ вербално го нападна младиот Муса.
Рој Хоџсон ги измеша картите, Руни остана на клупата и Словачка и Англија ремизираа 0:0. Велшаните со 3:0 ја згромија Русија и како први од групата одат во следната фаза.
Во една сезона едвај ја фаќаш сламката за спасот и изгледа дека сè се распаѓа, а следната сезона со крајно скромен буџет водиш борба за титулата. Не е само Лестер во сценариото за најубавиот фудбалски филм сезонава.
По мечот Фенербахче - Локомотива Москва, фудбалерот на гостите Дмитри Тарасов се прошета со маица на која беше ликот на Владимир Путин. УЕФА му спрема казна од 10 меча, а во Русија не спласнува полемиката.
Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.
Рускиот репрезентативен голман и капитен на ЦСКА Москва, последен пат ја сочувал мрежата во Лигата на шампионите на гостувањето на Емирати против Арсенал на 1. ноември 2006. година. Оттогаш досега прими гол на 36 натпревари по ред во елитното натпреварување.
Иако големата Русија постојано беше во водство, избраниците на Шундовски во последните мигови од средбата освоија драгоцен бод во четвртото коло од светскиот ракометен шампионат во Шпанија.