Продолжуваме да ги изучуваме репрезентациите кои во Катар ќе се борат на Светското првенство. Групата Б важи за една од најжестоките, во секоја смисла.
Сумата од 91,3 милијарди долари е за 33% поголема од вкупната воена потрошувачка на Русија за годинава, и е за 2 пати поголема од просечната американска годишна потрошувачка за војната во Авганистан.
Да слушнете изјава на државниот секретар на САД и секретар за национална одбрана од ерата на Буш, Кондолиза Рајс, од 2014 година. Тек да видите од кога некому му биле јасни работите, колку значи да се има стратегија, па да се работи на тоа, па да ги имаш вистинските играчи на терен, па некои шест години подоцна да дојде време да прозвучиш „визионерски“.
На границата меѓу двете земји има 20-километарска колона (во насока од Русија кон Грузија) каде се чека и по 40 до 50 часови, формирана во деновите откако Путин објави делумна мобилизација на руските резервисти. Башка тие што одат пешки, на точаци и слично.
Вредноста на 4 (од вкупно 25) американски производители на оружје последниве 6 месеци е зголемена за над 100 милијарди долари. За тоа, САД требаше да и донира на Украина 2 милијарди долари.
Една од поубавите фотографии на Европското беше онаа од мечот Шведска - Украина на која еден до друг гушнати стоеа Украинец и Русин, секој со знамето на својата земја. Во еден момент останатите украински навивачи го нападнаа Русинот, а другар му го бранеше и го покри со своето знаме.
Вториот ривал на Македонија на Евро 2020, Украина ги промовираше дресовите со кои ќе игра на турнирот. Имаат три комплети: жолт, син и бел а главниот елемент на дресовите се контури на границите на нивната земја.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Нередите, инцидентите, календарите и распоредите се мачкина кашлица за ФИФА во однос на тоа ако треба да се справува со евентуален пласман на Украина на Мундијалот во Русија догодина.
Кошаркарите на Босна и Херцеговина ги загубија шансите да се пласираат на Евробаскетот откако синоќа во Тузла вторпат загубија од Русија (78:67), но полошо од тоа делуваа сцените пред крајот на мечот кога капитенот Мирза Телетовиќ вербално го нападна младиот Муса.
За десетте најталентирани играчи кои ќе патуваат на ЕП во Франција, широката фудбалска јавност знае малку. Тие сега имаат прилика, за еден месец надалеку да се слушне за нив.
Во една сезона едвај ја фаќаш сламката за спасот и изгледа дека сè се распаѓа, а следната сезона со крајно скромен буџет водиш борба за титулата. Не е само Лестер во сценариото за најубавиот фудбалски филм сезонава.
Светското првенство во САД веројатно ве потсеќа на асови како Ромарио и Роберто Баџо, но дали ќе се сетитe на напаѓачот кој постигна рекордни 5 гола на еден натпревар?
Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.
Секоја селекција која се пласираше на Европското ќе добие по 8 милиони евра, а наградниот фонд за турнирот во Франција е далеку поголем од сите претходни.
Таврија Симферопол е првиот шампион на независна Украина, но клубот е распуштен по отцепувањето на Крим од оваа земја. Година дена подоцна, два одделни клуба го носат истото име и секој оддедлно се смета за прав наследник на шампионот.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Мајк Крижевски го одреди списокот на играчи кои ќе настапат на Мундијалот кој почнува на 30. август.
Претседателот на руската фудбалска унија (РФУ), Николај Толцик изјави дека е можно фудбалските клубови од Крим, полуостровот споен со Русија, да заиграат во руското фудбалско првенство.