„I Have a Dream“-от на Кондолиза Рајс

Да слушнете изјава на државниот секретар на САД и секретар за национална одбрана од ерата на Буш, Кондолиза Рајс, од 2014 година. Тек да видите од кога некому му биле јасни работите, колку значи да се има стратегија, па да се работи на тоа, па да ги имаш вистинските играчи на терен, па некои шест години подоцна да дојде време да прозвучиш „визионерски“.

„80% од извозот на Русија го чинат нафтата, гасот и минералите. Луѓето велат „Европејците ќе останат без доволно енергенси.“ А па може на Русите ќе им снема кеш пред на Европејците да им снема енергенси. Јас разбирам дека е незгодно што бизнисите им се врзани на овој начин, ама ние имаме решение за проблемот на долг рок.

Ако сакаат да ја сменат структурата на енергетска зависност,  треба повеќе да зависат од северноамериканската енергетска платформа на гас и нафта.

Треба да имаат нафтоводи и гасоводи што не поминуваат низ Украина и Русија - со години се обидуваме да им предочиме на Европејците дека треба да размислат за нови. Време е да го сторат тоа“.

Кондолиза Рајс

 

**********

Кондолиза Рајс денеска е директорка на стратегискиот Институт за војна, револуција и мир „Хувер".

6 октомври 2022 - 09:49