После арапски, руски и американски бизнисмени, во англиската Премиер лига последни влегуваат еден чешки гигант од Брно и еден српски милијардер од Крагјуевац.
На почетокот од своето владеење Путин бил подготвен Русија да влезе во НАТО, но под два, чисто бирократски, услови: тоа да биде по брза постапка и да не го тупат со процедури.
Во Е групата од Лига Европа од 21 часот се сретнаа Локомотив Москва и Галатасарај. За гостите беа најавени скроз други играчи, сите познати, ама ниту еден член на турскиот тим.
Ињаки Вилијамс (27) е неверојатно интересен фудбалер, лидер на Атлетик Билбао, клубот симбол на Баскија. Не само што одигра 203 меча по ред без да пропушти ниеден, не само што се изнадава голови за екипата, туку раскажа и фасцинантна сторија за патот на неговите родители до Шпанија.
Обидот да се парира на заедничката воена моќ на Америка и нејзините сојузници ќе бара радикално зголемување на потрошувачката за одбрана - истата стапица во кој се фати Советскиот сојуз.
Подгответе се да паднете на газ од изненадување, затоа што гарантирам дека никогаш не сте сонувале дека следната реченица може да излезе од моето перо. Еве ја реченицата: таканаречената висока, светска и сл. политиката е повеќекратно поподмолна и повалкана од српската, иако вторава се смета за шампион на Европа.
Девојката на сликата се вика Тес Холидеј, модел со „плус големина“ која се занимава и со „боди позитивити“, и пред некое време објави дека всушност страда од анорексија, но за среќа последниов период почнала да закрепнува.
Сме виделе до сега маче, куче, птица, петел, ама со ваква појава некако не можеш да бидеш лагоден. Непријатната средба со крокодилот ја имаа фудбалерите на Торонто.
Ако пасот на Тони Крос до Винисиус беше од 40-50 метри, тогаш овој на Хари до Рашфорд има 60 и јаче. Како го најде, да се замисли човек дали е он. Инаку ова е за 0:1, а Бруно од пенал во 91-ва ги постигна конечните 0:2 против Гранада. Погледнете ја забавената снимка.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Барем 30 години, уште кога Црвена Ѕвезда ја играше легендарната сезона 1990/91 кога добутка до титулата првак на Европа, во Белград се немаат слеано толкав број луѓе од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, како минатиот викенд. Овојпат причина не беше спортот туку борбата за здравје и гол живот.
Човек што читал стари комунистички весници не може да не се згрози или бар да не се преврти од смеење со каква тоа сериозност и бесрамност се фалеа некогашните најголеми синови на народите или Партијата која е исто со народот. Кој можеше да помисли дека тој стил денес ќе се чита во американскиот печат?
Познато беше дека „Житието на Брајан“ постои благодарејќи на маестралниот потег на Џорџ Харисон да ја заложи својата куќа за да го финансира филмот. Сега еден Пајтоновец открива како други рокери со свои пари помогнале да се појави еден друг нивен филм.
Ретко кој не го памети финалето на Лига на шампиони во 2012 година. Дури и ако не сте навивале за Челси или за Баерн, такви натпревари се врежуваат во сеќавање толку силно што дури после 10 години може да се сетите кој дал гол, кој не погодил пенал и кој беше јунак на мечот.
„Да не беа другар ми Бруно на времето и татко му Итаир, тешко дека денес ќе бев на местото на кое сум, во Лига на шампиони со Атлетико Мадрид“, раскажува бразилскиот стопер Фелипе.
Просторот на слобода некогаш беше заедничко и јавно добро, комунална катастарска единица. Тоа јавно добро денес е приватна парцела. Но, ако целата слобода на нашиот свет е тој тесен прозорец за 280 карактери на Твитер, јас, благодарам за понудата, од таа слобода со радост се отпишувам.
Колку е тешко само да се замисли, а не да се постигне: Кире Лазаров стана единствениот ракометар на светот со голови во 4 децении на Светски првенства. Првиот погодок на Мундијал го даде во 1999-та во Египет, а вечерва во истата земја после цели 22 години одново стрелаше прецизно.
Мајк Тајсон на времето уриваше не само спортски рекорди (најмлад и апсолутен светски шампион во историјата на тешка категорија), но и финансиски. Викендов сабота спрема недела после цели 15 години ќе се врати во рингот и ќе боксува против стар ривал.
На почетокот од летово како што минував покрај колоната мртовечки коли паркирани пред локална њујоршка болница, се сетив на честите посети во мртовечницата во Сараево каде луѓето ги бараа своите исчезнати во војната од пред четвртина век. Гледајќи што се случува низ земјава, сликите од војната во Босна и од годините живеење меѓу граѓанските војни на другите луѓе, почнаа да ми се прелеваат во мојот секојдневен и бессон живот.
И покрај тоа што имаа предност од 3:1, Вардарци викендов прокоцкаа 3 бода против Ренова која извади реми 3:3 со гол во 90-та минута. Реномираниот сајт rezultati.com без кој не се може еден ден, си имаше други математики.