Освојувачот на Мундијалот 1990 вели вака:
„Германците имаа среќа што играа без публика. Инаку ќе им свиреа сите. Замисли да играш квалификациски меч за Светско пред 60 или 80.000 илјади и да загубиш од Македонија, а си моќна селекција. Се кладам дека утре ниту еден играч нема да отиде до фурна или месара по леб или месо, затоа што ќе слушнат сешто за нив, така што подобро да се сокријат дома неколку дена пред да излезат повторно надвор“.
Легендарниот германски фудбалер кој е претходник на Јоаким Лев на селекторската функција ја испофали Македонија за триумфот.
Делот за срамот на Германците го зборува на 5:45, а инаку вреди да ја изгледате цела емисија. На него се надоврзува уште еден светски првак, Алесандро Дел Пјеро.