Откако викендов одиграа само 1:1 против Верона, фудбалерите на Јувентус заостанаа на 10 бода зад лидерот во Серија А. Имаат натпревар помалку и можат да ја намалат разликата на -7, но сепак се наоѓа во криза.
Не се проблем само нивните првенствени натпревари, туку и во ЛШ каде во осминафиналето загубија 2:1 од Порто. Проблемите оваа сезона може да си ги бараат во минатото лето.
ГРЕШКИ НА ПАЗАРОТ СО ТРАНСФЕРИ
По операцијата Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, Фабио Паратичи ја освои довербата кај Ањели, но во изминативе две години тој беше во центарот на вниманието заради неколку сомнителни засилувања.
Доведувањето на Матијас де Лихт, Мерих Демирал, Федерико Киеза, Дејан Кулушевски и Вестон Мекени беше клучно во подмладувањето на тимот, но добрата работа на Паратичи е под закана да биде поткопана поради неговите грешки.
Јасно беше дека на Јувентус му треба напаѓач способен да го замени Мората и Паратичи никогаш не реагираше. Потребна беше и замена за позицијата лев бек, но и тука ништо.
Адриен Рабио и Арон Ремзи беа катастрофални засилувања и не се одразуваат добро на Паратичи. Неговиот договор како спортски директор е пред истекување и клубот допрва треба да одлучи дали ќе го продолжи. Позицијата на Недвед останува безбедна, но не и на Паратичи.
СРАМНИ НАСТАПИ НА РЕМЗИ И РАБИО
Времето на Рамзи и Рабио не покажува знаци на подобрување. Против Верона тие беа најлошите играчи на терен кои страдаат од очигледен недостаток на самодоверба. Двајцата играчи од среден ред се со огромни плати и договор до 2023-та и се покажаа како скапи грешки.
И покрај еднонеделниот одмор Рабио покажа лошо ниво на концентрација и вистински недостаток на глад против Верона, додека Ремзи никогаш не се закани во напад.
Не е изненадување што Јувентус заостана зад Интер, чие трио во напад составено од Нико Барела, Марсело Брозовиќ и Кристијан Ериксен е далеку супериорно.
Тоа е една од причините зошто е невозможно да се замисли Јувентус да го стигне Интер како што стојат работите.
ПОВРЕДИ НА КЛУЧНИТЕ ИГРАЧИ
Јувентус остана кус со опции како замена за Мората откако му беше дијагностициран Ковид 19. Шпанецот го зафати топло – ладно сезонава, но останува најдобриот напаѓач. На почетокот на сезоната беше лидер, но не и годинава.
Се чувствува отсуството и на неговиот партнер во нападот Пауло Дибала. Аргентинската ѕвезда има несреќна сезона со повреди и има само 11 настапи во Серија А и 5 во ЛШ. Тој има проблем со коленото и минатата недела бил во Барселона на консултација кај познатиот хирург Рамон Кугат.
Пирло викендов потврди дека проблемот на Дибала тешко дека ќе мине без операција и дека заздравувањето ќе трае подолго од очекуваното. На Дибала му беа дадени иновативни терапии кои треба да ги тестираат во обид да му ги отстранат болките на коленото, а Јувентус ќе се моли тоа да помогне за да го вратат во тим што е можно побрзо.
Освен тоа, Пирло мора да се бори и со други повреди на клучни играчи и во моментов е без Квадрадо, Бонучи, Кјелини и Мело.
СЕБИЧНОСТА НА РОНАЛДО СЕ ПОКАЖА КАКО СКАПА
Роналдо беше спасител сезонава на Јувентус и во тоа нема дилеми. Неговите настапи се брилијантни како и секогаш и без неговите голови и асистенции, Старата дама би се нашла во понижувачка позиција.
Но на моменти тој беше виновен поради себичноста особено во играта од прекини. Од неговото пристигнување не ја покажа смртоносната точност на мајстор од слободен удар, каков што беше во Манчестер и Реал.
Сепак, тој продолжува да ги изведува повеќето од слободните удари и така тимот изгуби бројни можности да постигне вредни голови, поради желбата на Роналдо секогаш да шутира.
Реванш натпреварот против Порто следната недела е клучен за сезоната на Јувентус, а исто така може да добијат многу пари ако се пласираат во четвртфинале. Роналдо беше донесен за да му донесе европска слава на клубот, но не успеа во првите две сезони и покрај тоа што постигна многу голови.
НА ЈУВЕНТУС МУ ТРЕБА ЛЕТНО ОБНОВУВАЊЕ
Алегри заврши одлична работа во Јувентус и ги остави на силна позиција, но сите темели што ги остави одамна се уништени.
Јувентус инвестираше во Сари, но го отпушти по една година и остави дупка во идентитетот на клубот. Како и повеќето од најдобрите европски клубови, повеќе нема да може да издвојува големи суми на пари за нови засилувања и ќе треба да извади од продажба на своите играчи.
Клубот воведе ограничување од 4,5 милиони фунти годишно, но Рамзи (6,5м), Рабио (6,5м), Дибала (6,5м), Де Лихт (10,3м) и Роналдо (27м) заработуваат повеќе од тоа. Јувентус ќе дозволи исклучоци за посебните играчи, но барем двајца од овие пет најверојатно ќе бидат продадени на лето за да се отвори простор за нови засилувања.
Судејќи од оваа сезона, на Старата дама и треба нов живот.