Ако не сте убедени во тезата дека сериозно ескалираниот конфликт меѓу руските богови на војната кој доведе до тенкови на улиците на Москва и вонредно телeвизиско обраќање на Владимир Путин е само уште една препредена операција на руските тајни служби за одвраќање на вниманието од некој важен тактички маневар, тогаш Кремљ има сериозен проблем. Украина лајкс дис.
Малку се оние музичари кои можат да отворат албум со стихови како “Got a dick and two balls, that’s more than you all”. Уште помалку се оние кои можат тоа да го кажат а да звучат уверливо. За среќа, го имаме Иги Поп.
На 29-ти ноември 1943-та одлучено е Југославија да биде уредена како република - укинати се правата на Петар II Караѓорѓевиќ - а на Јосип Броз му е доделена титулата маршал. Од таа република денес имаме: неколку поранешни републики, еден хит од „Забрањено пушење“ и еден куп партизански филмови без кои не можеше ни да се замисли еден ваков празник.
20 сопственици на автомобили Тесла од Норвешка започнаа штрајк со глад заради дефекти во нивните коли и незадоволство како тие проблеми им се решаваат. Гладот победи веќе првиот ден. А Илон Маск поштено ги затрола.
Шекил О' Нил важи за еден од најголемите хедонисти кои ги видела американската кошарка (Коби има кажано, да тренираше Шекил колку мене, ќе беше најдобар на сите времиња). Но, и над попот има поп. Грамадата вели дека никогаш нема да ја заборави сцената во која го запознал Принц.
Американскиот претседател не само што го прегази ветувањето дека нема да зема пари од лобисти, туку лобистите работеле за Русија конкретно во делот за Северен тек 2.
Дури и некој што гледа телевизија по пет-шест часови на ден пак ќе успее да заврши некоја работа како претседател, е воведот на веројатно првиот позитивен текст што Атлантик го има објавено за Трамп изминативе четири-пет години.
Холвудски рапер прави песна со наслов EDD. Тоа е департмент за вработување на Калифорнија. Се фали како ги одрал. Песната има преку 500.000 прегледи на Јутјуб, само што некои од тие пола милион кликови биле на ФБИ.
Основите доаѓаат од учебниците на источногерманската тајна полиција, Штази, што Путин ги совладува на почетокот од својата кариера, само сега нишанот е кренат многу повисоко.
На една страна е потребата во некој момент да дојдеме до безбедна и ефикасна вакцина за коронавирус. Од друга страна е брзањето да се дојде до тој момент. Која од тие две страни превагнува можете да видите од дадените имиња: Русите својата вакцина ја крстија „Спутник V“ а на својата програма за финансирање на вакцината, Американците ѝ дадоа име: „Операција Ворп брзина.“
Бројни членови на високите бизнис и политички елити на Русија веќе неколку месеци имаат предвремен пристап до експериментална вакцина против коронавирусот, објавува Блумберг.
Прашање кое стандардно треба да се поставува за сите политички движења е - кој ќарува од тоа? За БЛМ допрва ќе се види колку бенефит ќе имаат оние во чие име се прави побуната. Но затоа, уште сега е јасно кој сигурно профитира - оној кому профитот му е во суштината на неговото постоење - капитализмот.
Многумина мислат за ковид-19 дека е болест која убива 1% од заболените а останатите минуваат со благи симптоми налик на грип. Но, приказната е посложена од тоа. Многумина ќе завршат со хронични проблеми на бубрезите и срцето. После ова, ќе има стотици илјади луѓе на кои ќе им треба дијализа до крајот на животот. Колку повеќе дознаваме за коронавируот, толку повеќе прашања искрснуваат.
Парадоксална е таа нивна професија: за да стигнат таму каде што другите не можат, тие не можат да мрднат од своите тесни безвоздушни комори. Астронаути даваат совети како да се прегрми изолацијата и притоа да се сочува памет.
Починал дома во Џорџија, на 81 годишна возраст, од природна смрт. Една негова, пригодна за времево во кое живееме, со Шина Истон:
„We've got tonight, who needs tomorrow...“
Која е омилената на Кит Ричардс која никогаш не му здосадува? Зошто Џегер ретко сака да ја пее Beast of Burden? Која песна Чарли Вотс ја мачка на леб? Ричардс и Вуд се отвориле за магазинот кој го носи нивното име во еднина.
Лавината емоции и жестоки дебати околу последната сезона на Игра на тронови и особено нејзиниот крај, словенечкиот филозоф ја гледа како резултат на идолошките конфликти во неа. Според Жижек, таа допре пар големи идеолошки уплави: стравот од револуцијата и стравот од политички моќната жена.