Во последниот меч од 7. коло Челси го совлада Фулам на гости и конечно после којзнае колку време врза две победи по онаа со Брајтон во Купот. Сините славеа со головите на Албанецот Армандо Броја и Михаило Мудрик во само 1 минута, но мечот остана во сенка на нов судиски превид. Овојпат кога Карлос Винисиус намерно и силно го удри Тиаго Силва. Помина без картон а не беше прегледан ниту ВАР.
Во големото баскиско дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, кое домаќините го добија убедливо со 3-0, домашните навивачи направија еуфорична атмосфера. Во 8 кола од новата сезона Сосиедад има 4 победи, 3 нерешени и 1 пораз и е на петто место во Ла Лига.
Навивачите на Мадервил и Селтик приредија сцени кои ретко се гледаа. Домаќините до толку прснаа од радост за израмнувањето против 53 кратниот првак на Шкотска во 95-та, што се симнаа на терен, мислиш титула слават. Ама тоа не беше крај на мечот. Селтик победи 1:2 со гол во 97-ма.
Реал Сосиедад има убаво водство од 3:0 над Атлетик Билбао, доволна причина за домашните навивачи да се опуштат и да ја подигнат атмосферата на стадион. Меѓу нив се најде падобранец, кој на многу стадиони низ светот не би го ни пуштиле вака во туѓо друштво.
Резултатите се вџашувачки и само најголеми недомаќини не би се одлучиле за самостојна градба. Електраната би била отплатена после само 13 години. Домаќинска земја би требало самата да гради производни капацитети, наместо што го раскрчмува националното благо, за потоа да биде зависна од увоз. Пресметките лесно се проверуваат и се бранат. Дали ќе видиме и пресметките на тие што знаат само да распродаваат?
Дербито во Премиерлига меѓу Тотенхем и Ливерпул ја разгори жестоката дебата за лошото судење во англискиот фудбал. Спарс победи 2-1 со автогол на стоперот на Ливерпул Жоел Матип во длабоко судиско продолжение во 90+6' минута но претходно имаше чудни судиски одлуки.
Потресни епизоди имаше на натпреварот РКЦ Валвејк - Ајакс во холандската Ередивизија. Во 85' минута од мечот во самиот финиш при водство на гостите 2-3, голманот на домаќините Етиен Васен изгубил свест по силен судир со напаѓачот на Ајакс Брајан Броби.
На дуелот меѓу АЕК Атина и Атромитос во грчката Супер лига досудени биле дури три пенали. Домаќинот повел во 31’ минута преку Нордин Амбрабат. Гостите израмниле во 89’ минута со гол на Карол Ангриелски. Последниот пенал на мечот го изведе Мијат Гачиновиќ кој направи чудесна паненка во последни секунди од натпреварот. Храбро.
Во првиот дуел од полуфиналето на Копа Судамерикана, ЛДУ Кито со 3-0 убедливо ја совлада аргентинска Дефенса и Јустисија и носи огромна предност на реваншот. Играч на мечот бил 39-годишниот легендарен Перуанец, Хозе Паоло Гуереро кој постигнал два прекрасни гола.
Новата сезона е како бајка за шпанска Жирона. Тимот предводен од одличниот тренер Мичел го совлада и Виљареал со 2:1 во натпревар во кој создале 10 шанси за гол за 90 минути и имале 14 удари кон противничкиот гол.
Лидерот на грузиската репрезентација која е на одличен пат да се пласира на прво Европско првенство во историјата, Квича Кваратцхелија синоќа на мечот Наполи - Удинезе (4-1) постигна гол после 27 натпревари и 191 ден од последниот погодок. Грузиецот лани заедно со Виктор Осимен беа најзаслужни за освоеното скудето на Наполи.
Дер Класикер, дербито меѓу Ајакс и Феенорд на стадионот во Амстердам беше прекинато во 44’ минута откако гостите водеа убедливо со 0-3, па гневните домашни навивачи не можеа да издржат понижување и направија хаос.
Пољаците пред една недела ја совладаа убедливо Италија со 3:0 и ја освоија европската одбојкарска титула. Без разлика што турнирот е завршена приказна, админот на официјалниот профил на Твитер, уште објавува видеа. Последното е со загревањето на Италијанците пред осминафиналниот меч против Македонија во Бари. Ко Баџо и Дел Пјеро да ги гледаме.
Не се вика Халанд, Мбапе, Меси или Роналдо, туку Кевин Бехренс. Целосна непознаница за фудбалскиот свет кој стапна на елитнатата фудбалската сцена. Ама остана ист.
После сите атрактивни голови на европските ѕвезди во најпопуларното прибежиште привлечно поради убавите пари, на ред дојде и Н`Голо Канте. Популарниот борец од средниот ред на Челси му донесе победа на својот Ал Итихад со гол и асистенција, за конечни 2:1 против Ал Фатех. Бензема не играше.
Најдобриот светски тенисер како изминува сезоната, така ќе спушта гас, па до финишот на оваа за него прекрасна 2023-та година ќе игра на уште два турнири.
Голманот на Македонија уште на стартот од новата сезона во ЛШ, одново остава голем белег меѓу стативите на Порто. Португалскиот тим како гостин против Целје на почетокот на вториот дел имаше негатива од 9 гола, кои успеа да ги анулира со неверојатна серија од 10:1 за победа од 29:30. Митревски блесна со клучни четири интервенции во последните 15 минути, а ЕХФ од тоа се инспирираше и го опиша на посебен начин.
Дваесет и три гола паднаа на осум меча вечерва ширум Европа на стартот на елитната Лига на шампиони. Барселона со 5-0 го торпедираше белгиски Антверпен, ПСЖ во дербито на вечерта го совлада Дортмунд а Манчестер Сити со 3-1 славеше против Црвена звезда. Јунак на вечерта е голманот на Лацио.
Во 1894-та година во Швајцарија се основал клуб Олд Бојс. Тој сега игра во регионалните лиги на оваа земја и познат е по тоа што Роџер Федерер едно време тренирал во тениската секција на клубот. Олд Бојс добил име од студенти кои веќе не можеле да играат во студентска лига па се нарекле „старите“.
Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски победи на 7 од вкупно 10 трки во Хрватска и со тоа стигна до нова, трета европска титула во ридско-брзински патеки. Првите две ги освои во 2014-та и 2015-та. За време на прославата направи потег со спуштена слушалка како Ѓоковиќ на УС Опен.
Да се поминат три и пол илјади километри низ сериозни планини, само по себе е подвиг. Да го направи тоа жена, сама, и тоа и на свои 67 и на 76 години, уште повеќе. Но, сето тоа да го успееш носејќи едни од најнеудобните патики на сите времиња кои имаат култен изглед но затоа ја убиваат ногата, е, тоа е веќе е чудо.
Во 1. коло од новата сезона во француската лига, Бурж убедливо со 30 пени разлика го совладал Ле Портел на гости 66-96. Најинтересен момент на мечот е кога гостинскиот кошаркар Аксел Жулиен додека истекува време за напад фрла таква фрљотка што никогаш не би влегла во кош.
Двократниот европски првак ја загуби титулата во домашното првенство минатата сезона, Пелистерци станаа шампиони и за првпат после цели 18 години заиграа во Лига на шампиони, но црвено-црните уште на стартот на новата сезона имаат 2-0 против Битолчани.