Како швајцарскиот клуб дошол до името Јанг Бојс?

Во 1894-та година во Швајцарија се основал клуб Олд Бојс. Тој сега игра во регионалните лиги на оваа земја и познат е по тоа што Роџер Федерер едно време тренирал во тениската секција на клубот. Олд Бојс добил име од студенти кои веќе не можеле да играат во студентска лига па се нарекле „старите“.

Интересно и Јанг Бојс го основале студенти кои се нарекле така како противтежа на ривалите Олд Бојс и одбрале жолто-црни бои.

Јанг Бојс периодично настапува во еврокуповите, а во 2010-та првпат имале забележителен настап. Тогаш во квалификации за Лига на шампиони го победиле дома Тотенхем но загубиле на реваншот и со вкупен резултат 3:6 испаднале.

Тогаш англиските навивачи смислувале разни шеги на сметка на името на швајцарскиот клуб а внатре во Швајцарија имало исто досетки, најмногу од 2014-та до 2017-та. Тогаш три сезони по ред екипата завршувала на второ место.

Ривалите ги зафркавале дека се „уште млади“ и дека „не се доволно зрели“ за титула.

Но Јанг Бојс после освои дури четири шампионски пехари по ред и стекнал реноме и голем авторитет во земјата.

Сезонава во Лига на шампиони Јанг Бојс е во група со Манчестер Сити, Црена звезда и РБ Лајпциг. Тие се, во согласност со името една од најмладите екипи од 32 тима во ЛШ со просечна возраст од 24,6 години. Пред нив се ПСВ Ајндховен, Шахтјор, Феенорд и РБ Салцбург. Во првенството на Швајцарија Јанг Бојс е шести по просечна возраст на играчите меѓу 12 клуба.

Во составот имаат само тројца играчи кои се постари од 30 години, а на списокот фудбалери регистрирани за Лига на шампиони имаат дури седуммина помлади од 23 години.

Жан-Пјер Нсаме има 30 години а тој пред три години на 32 меча постигнал 32 гола. И покрај тоа на Светското 2022 преседел на клупа за Камерун. Лорис Бенито (31) е стопер со искуство играње во Бордо и Бенфика, а Фабиан Лустенбергер (35), највозрасен во тимот играл во Херта а потоа во Јанг Бојс каде станал највозрасен играч и капитен.

Јанг Бојс историски се потпира на млади таленти и не троши енормно многу пари. Најголем трансфер рекорд им бил Хасим Адамс кој го платиле 4,5 милиони евра и кој заминал подоцна во Хофенхајм за 8,5 милиони евра.

Рекордната клупска продажба ја забележале сезонава откако го продале Фабиан Ридер во Рен за 1 милиони евра, а зад него се Џибрил Соу (14 милиони евра), Денис Закарија (12 милиони евра), Сејдиу Думбија (11 милиони евра) и Кристофер Мартинс (7 милиони евра). Тие не потекнуваат од школата на Јанг Бојс но таму кариерата им процветала.

Младите момци ја отвораат Лига на шампиони против германски РБ Лајпциг.

19 септември 2023 - 15:02