Ливерпул драстично покраден, во Премиер има лоши судии

Дербито во Премиерлига меѓу Тотенхем и Ливерпул ја разгори жестоката дебата за лошото судење во англискиот фудбал. Спарс победи 2-1 со автогол на стоперот на Ливерпул Жоел Матип во длабоко судиско продолжение во 90+6' минута но претходно имаше чудни судиски одлуки.

Лудо дерби во северен Лондон кое го упропастија судиите. Мечот изобилуваше со сè и фудбалски и нефудбалски.

Црвените добија црвен картон уште во 26' минута кога по една глупост Куртис Џонс беше исклучен поради груб фаул.

После тоа, во 34' минута Луис Дијаз постигна чист гол за Ливерпул но главниот судија досудил офсајд а нејасно е дали имал сугестија од ВАР собата да ја прегледа ситуацијата уште еднаш. Повторената снимка покажа апсолутно чиста ситуација и чист гол.

Кореецот Сон го донесе Тотенхем во водство во 36' минута, но Ливерпул израмни со играч помалку во 45+4' минута и на пауза се отиде со нерешен резултат 1-1.

Во вториот дел гостите останаа со уште ден играч помалку по црвениот картон на Диого Жота кога нервозата оправдано влезе во редовите на гостите.

Веднаш по мечот се огласи судиската комисија во Англија која што соопшти дека е направена груба судиска грешка.

Јирген Клоп беше оправдано бесен како рис:

„Во живот немам видено понечесен натпревар. Никогаш не сум бил погорд на својата екипа но и никогаш не сум видел меч со волку нечесни околности и нечесни и сулуди одлуки. Единствено нешто што денес го немавме со судиските одлуки е резултатот. Немаше офсајд. Нема шанси. Лошо ги повлекле линиите. Го видовме тоа на полувреме некој ни покажуваше на телефон. Се е јасно. Сигурен сум дека за ова ќе се зборува со денови но тешко е да се поднесе“, бесно коментирал Клоп после поразот и додал:

„Каква корист имаме ние од нивното извинување? Имавме ситуација и во мечот на Манчестер јунајтед против Вулверхемптон. Ги добија ли бодовите? Ние нема да ги добиеме. Мислевме дека со ВАР-технологијата ќе се олеснат некои работи во фудбалот, но очигледно тоа не се случи“, кажа Клоп.

1 октомври 2023 - 08:21