Жирона е неочекуван лидер пред Реал и Барса во Ла Лига

Новата сезона е како бајка за шпанска Жирона. Тимот предводен од одличниот тренер Мичел го совлада и Виљареал со 2:1 во натпревар во кој создале 10 шанси за гол за 90 минути и имале 14 удари кон противничкиот гол.

ЖИРОНА Е ПРВПАТ ЛИДЕР ВО ЛА ЛИГА ВО 93 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Стартот на сезоната донесе неочекуван развој на настаните. Жирона искористи некои од киксевите на големите Реал и Барселона. „Кралевите“ синоќа го победија Лас Палмас 2-0 но пред неколку дена изгубија убедливо од Атлетико Мадрид, а Барса неочекувано едвај спаси бод (2:2) со Мајорка. Атлетико Мадрид има два меча помалку па Жирона го искористи тоа и е лидер на табела.

Интересно овој клуб до сезона 2016/2017 никогаш не влегол во Ла Лига а минатата сезона за малку не се пласира и во еврокупови.

Жирона е прв клуб од Каталонија после Барселона која што ја предводи табелата во силната Ла Лига од 1953-та година. Тогаш лидер бил Еспањол кој сега игра во втора лига Сегунда.

Барса и Жирона во моментов се единствени кои уште не изгубиле во Ла Лига а обете екипи дадоа по 18 гола, најмногу од сите во цела лига.

Жирона има 19 бода, Реал е втор со 18, Барса трета с 17 а Атлетико има 14 но и два меча помалку.

Екипата на Мичел сега ја чека дуел со Реал Мадрид на 30. септември а ако му оддолеат на „кралскиот клуб“ после имаат полесни ривали: скромниот Кадиз, Алмерија и Селта.

КОЈ ИГРА ЗА ЖИРОНА?

Жирона има 6 триумфи и 1 нерешена во воведните 7 кола со гол разлика 18:8.

Само на отворање на сезоната извлекоа бод (1:1) против Реал Сосиедад а потоа нанижаа шест победи: Хетафе (3:0 со два гола на ветеранот Кристијан Стуани), потоа 1:2 кај Севиља на гости па 1:0 со Лас Палмас, па 4:2 со Гранада и 5:3 со Мајорка.

Екипата летово го продаде Ориол Ромеу во Барселона и го продаде во Премиер лига Сантијаго Буено. Во тимот играат претежно позајмени играчи, како на пример Савио кој со 2 гола и 3 асистенции е главно откровение на сезоната.

Жирона од Манчестер Сити со кого имаат блиски сопственици, летово го откупила Јанхел Ерера. Интересно 2 гола и 2 асистенции има и Украинецот Артем Довбик.

КАКОВ РАСПОРЕД ИМ СЛЕДИ?

Реал пак после гостувањето во Жирона ќе игра против Осасуна, Севиља и големото Ел класико во Ла Лига. Во меѓувреме ги чекаат и Наполи и Брага во Лига на шампиони.

Барселона есенското Ел класико, Барселона ќе игра со Севиља, Порто, Гранада, Атлетико Мадрид и Шахјтор. Барса со Жирона ќе се сретне во декември.

Ќе може ли најголемото изненадување да издржи до тогаш?

Пред почеток на сезоната, коефицентот дека Жирона ќе ја освои Ла Лига бил 1001.00 и го делеле 11. место со Мајорка, Хетафе и Рајо Ваљекано. Сега коефицентот паднал на 151.00 и пред нив се само гигантите Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барелона и Атлетик Билбао.

Интересно е и дека се паднати и коефицентите дека Жирона ќе заврши на крај во Топ4 и ќе оди во Лига на шампиони. Сега коефицентот е 4.50, а место во Топ6 е 2.25. За Жирона да заврши подолу коефицентот е 1.65.

28 септември 2023 - 10:51