Кваратцхелија даде гол после 191 ден

Лидерот на грузиската репрезентација која е на одличен пат да се пласира на прво Европско првенство во историјата, Квича Кваратцхелија синоќа на мечот Наполи - Удинезе (4-1) постигна гол после 27 натпревари и 191 ден од последниот погодок. Грузиецот лани заедно со Виктор Осимен беа најзаслужни за освоеното скудето на Наполи.

Последен пат постигна гол на 19 март годинава односно пред шест месеци. Кваратцхелија дал гол после 191 ден, 23 меча и 1.368 минути фудбал. Последниот му бил против Торино. Синоќа имаше и асистенција до Симеоне. Затоа му олесни синоќа и се прерадува:

„Задоволен сум зошто се вратив. Се вратив и среќен сум. Шест месеци без гол ме направија нервозен, нормално е“, рекол Хвича Кваратцхелија.

Наполи сега го чекаат Лече на 30 септември и Реал Мадрид на 3 октомври.

Што му напишаа навивачите на Наполи на Осимен?

Лазар Самарџиќ направи дар мар во Неапол и даде убав гол

28 септември 2023 - 09:23