Судиите во Премиер со нова брука

Во последниот меч од 7. коло Челси го совлада Фулам на гости и конечно после којзнае колку време врза две победи по онаа со Брајтон во Купот. Сините славеа со головите на Албанецот Армандо Броја и Михаило Мудрик во само 1 минута, но мечот остана во сенка на нов судиски превид. Овојпат кога Карлос Винисиус намерно и силно го удри Тиаго Силва. Помина без картон а не беше прегледан ниту ВАР.

Оваа епизода доаѓа по бурните реакции на срамното судење на мечот Тотенхем - Ливерпул (2:1)

Головите на Мудрик и Броја во растојание од неколку секунди. Ова беше прв гол на младиот Украинец за Челси кој одигра 24 меча досега за сините а беше платен 70 милиони евра плус 30 милиони од евентуални бонуси.

3 октомври 2023 - 09:24