Луда фудбалска вечер во Лига на шампиони

Дваесет и три гола паднаа на осум меча вечерва ширум Европа на стартот на елитната Лига на шампиони. Барселона со 5-0 го торпедираше белгиски Антверпен, ПСЖ во дербито на вечерта го совлада Дортмунд а Манчестер Сити со 3-1 славеше против Црвена звезда. Јунак на вечерта е голманот на Лацио.

Лига на шампиони, 1. коло резултати:

Група Е

ФЕЕНОРД - СЕЛТИК 2-0 (1-0)
/Стенгс 45+2', Џаханбакш 76'/

ЛАЦИО - АТЛЕТИКО МАДРИД 1-1 (0-1)
/Проведел 90+5' - Бариос 29'/

Група Ф

ПСЖ - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 2-0 (0-0)
/Мбапе 49', Хакими 58'/

МИЛАН - ЊУКАСЛ 0-0

Група Г

МАНЧЕСТЕР СИТИ - ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 3-1 (0-1)
/Алварез 47', 60', Родри 73' - Букари 45'/

ЈАНГ БОЈС - РБ ЛАЈПЦИГ 1-3 (1-1)
/Еља 33' - Сиакам 3', Шлагер 73', Шешко 90+2'/

Група Х

БАРСЕЛОНА - АНТВЕРПЕН 5-0 (3-0)
/Жоао Феликс 11', 66', Левандовски 19' Баталие а.г. 22', Гави 54'/

ШАХТЈОР - ПОРТО 1-3 (1-3)
/Келси 13' - Галењо 8', 15', Тареми 29'/

19 септември 2023 - 23:23