Формата е минлива, класата е вечна

Во првиот дуел од полуфиналето на Копа Судамерикана, ЛДУ Кито со 3-0 убедливо ја совлада аргентинска Дефенса и Јустисија и носи огромна предност на реваншот. Играч на мечот бил 39-годишниот легендарен Перуанец, Хозе Паоло Гуереро кој постигнал два прекрасни гола.

Легендарниот Паоло Гуереро на 1 јануари ќе полни 40 години а и натаму игра во врвна форма.

 

ЛДУ Кито е на чекор од пласман во четврто големо финале во својата клупска историја. Во 2008-ма освоиле Копа Либертадорес, а веќе следната 2009-та ја освоиле и Копа Судамерикана. Во 2011-та изгубиле во финале на истото второ по ранг натпреварување во Јужна Америка а сега се на праг на четврто финале.

Во второто полуфинале на Копа Судамерикана играа бразилските Коринтијанс и Форталеза. Првиот натпревар завршил 1:1. Гостите први повеле преку Зе Велисон во 22’ минута а домаќинот израмнил во 40’ минута преку Јури Алберто.

Тој ја почнал кариерата во Алијанца Лима од каде во 2002-ра доаѓа во Баерн Минхен. Потоа играше и во Хамбургер, Коринтијанс, Фламенго, Интернасионал, Аваи, Расинг Клуб и од 2023-та е во ЛДУ Кито.

28 септември 2023 - 11:23