Колку е убав реновираниот „Сантијаго Бернабеу“

На почетокот на септември Реал Мадрид објави промотивни кадри од грандиозната обнова на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, светскиот храм на фудбалот.

Целосна презентација на спремната арена ќе има во декември, а екипата веќе игра на својот стадион на кој се довршуваат финални финеси.

ОБНОВАТА ЧИНЕЛА ОКОЛУ 900 МИЛИОНИ ЕВРА, А ИМА ПРОЦЕНКИ ДЕКА РЕАЛ ЌЕ ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО

Проектот за освежен и реновиран „Сантијаго Бернабеу“ бил нацртан од 2010-та па во следните години. Го прифатиле и потврдиле во 2016-та а со работа почнале во 2020-та. Се сеќавате дека Реал Мадрид сезоната 2020/2021 ја играше на стадиончето на Реал Кастиља „Алфреди Ди Стефано“. Со цел да се забрзаат работите на „Сантијаго Бернабеу“.

Управата на Реал Мадрид пресметала дека реконструкцијата ќе ги зголеми приходите и дека ќе останат конкурентно-способни на пазарот во ера на клубови-држави и шеици. Според шпанскиот прес, после реконструкцијата, стадионот ќе му носи на Реал околу 300-400 милиони евра годишно. Сега клубот заработува околу 150-170 милиони евра годишно од приходи од стадионот.

„Кралскиот клуб“ сака да го експлоатира стадионот сите 365 дена во годината, да организира концерти, НФЛ и НБА натпревари, модни изложби и други настани.

100% од заработката од организација на натпреварите на Реал, продажба на предмети, карти и се останато ќе оди на сметка на клубот. Марка и АС пишуваа дека трошоците за реконструкцијата до јули месец достигнале 893 милиони евра.

Од 2023-та Реал почнал да плаќа рати за кредитот подигнат за реконструкцијата. Мадриѓаните земале кредит од 525 милиони евра за 30 години со стапка од 2,5%. Подоцна објавиле дека подигнале уште еден кредит од 225 милиони евра со стапка под 1,53% на 27 години а вториов кредит е за подземното греење на теренот кој не го смислиле при првичниот проект поради сложеност.

Новиот систем за греење и дренамажа ќе го сочуваат скапоцениот тревник. Со тоа ќе се зголеми и бројот на настани кои ќе можат да се организираат без да го оштетат тревникот.

НА „САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ“ ИМА НОВ ПОДВИЖЕН ПОКРИВ КОИ ЌЕ СЕ ОТВОРА И ЗАТВОРА ЗА 15 МИНУТИ

Најсложен и најголем предизвик во реновирањето бил покривот кој ќе се отвора по автоматски режим. Новиот покрив е заснвован на концептот на надувани мембрански келии - вид на ткаенина која ќе ја одбива водата, штити од ветер и истовремено пропушта пареа низ себе.

Ваков тип ткаенина се користи во воздухопловство, во бродоградба и во индустријата за енергија од ветер. Овој покрив значително ја намалил тежината на целокупната структура, со што ќе се забрза процесот на отворање и затворање и ќе доведе до помали оперативни трошоци (за одржување) со тек на времето. Надворешната обвивкна на стадионот, фасадата и покривот ќе бидат покриени со иста обвивка од метални летви.

Токму тие елементи го прават стадионот прекрасен, модерен и футуристички однадвор. 

СЕГА ТРЕВНИКОТ ЌЕ СЕ ЧУВА ПОД „БЕРНАБЕУ“

Теренот ќе биде собиран и спуштан во посебно складиште долу, а во тоа ќе му помагаат шест подземни механизми. Тревникот ќе проведува по 245 дена во годината во просторот за чување долу кога ќе има разни не-фудбалски настани на стадионот. Ова е огромен чекор во комерцијалната стратегија на стадионот кој ќе стане многуфункционален.

Голем плус е што системот е во целосен периметар на стадионот, односно тревникот нема да мора да се поместува на други места како што е на некои други стадиони.

Погледнете колку е тоа чудесна механика:

ШТО ИМА ДРУГО НОВО: ТЕРАСА НА ПОКРИВОТ И ВИДЕБИМ ЗА 360 СТЕПЕНИ

Еден од најпрекрасните детали на новиот „Сантијаго Бернабеу“ е терасата на покривот која што ја нарекла Skywalk.

Тука ќе има барови и ресторани со раскошен поглед на Пасео де ла Кастељана, тоа е најшироката и најдолга улица во Мадрид која има култен статус.

На „Сантијаго Бернабеу“ уште и ќе го прошират музејот, ќе има многу нови ресторани, продавници, хипермаркет како и места за брза храна. Капацитетот на стадионот е зголемен од 80.000 на 84.000 седечки места.

Ќе има и видео бим за 360 степени - односно огромен екран по целиот периметар на кого ќе може да се гледа од секој агол. 3.700 квадратни метри ќе бидат покриени со светлодиодни панели. Тие ќе станат важен дел од натпреварите и за други настани. На светот нема многу такви примери, еден од ретките е оној на стадионот „СоуФај“ во Лос Анџелес. Реал за овој огромен видео бим во периметар на целиот стадион платил повеќе од 100 милиони евра.

27 септември 2023 - 11:55