На кои турнири ќе игра Новак Ѓоковиќ до крајот на 2023-та

Најдобриот светски тенисер како изминува сезоната, така ќе спушта гас, па до финишот на оваа за него прекрасна 2023-та година ќе игра на уште два турнири.

Во досегашниот тек од сезоната Новак Ѓоковиќ освои 5 титули меѓу кои 3 Гренд Слема во Австралија, на Ролан Гарос и УС Опен. Славеше и во Аделаида и во Синсинати.

И покрај најавите дека Новак Ѓоковиќ после неколку години ќе се појави на Мастерсот 1000 во Шангај каде има илјадници свои навивачи, српскиот тенисер се откажал од пат на далечниот Исток.

Новак планира да игра на турнирот во Париз исто така од Мастерс серијата 1000 и ќе брани бодови на овој турнир каде лани играше финале.

Мастерсот во Париз почнува на 30-ти октомври а по него ќе следи АТП финалето во Торино од 12-ти до 19-ти ноември каде меѓу себе ќе играат најдобрите светски тенисери а Новак ќе го брани пехарот освоен минатата сезона.

Ѓоковиќ потврди и дека ќе биде дел од тимот на Србија за Дејвис Купот кој се игра од 21. до 26. ноември. Србите обезбедија четвртфинале по триумфот над Шпанија и сега ги чека Велика Британија. Со Новак во составот, неговите колеги Ласло Ѓере (37-ми тенисер на светот), Миомир Кецмановиќ (47) и Душан Лајовиќ (52) веруваат дека би можеле до фамозната „салатара“, највредниот пехар од Дејвис Купот кој Србија го освои во 2010-та.

21 септември 2023 - 10:31