Старката со старките

Да се поминат три и пол илјади километри низ сериозни планини, само по себе е подвиг. Да го направи тоа жена, сама, и тоа и на свои 67 и на 76 години, уште повеќе. Но, сето тоа да го успееш носејќи едни од најнеудобните патики на сите времиња кои имаат култен изглед но затоа ја убиваат ногата, е, тоа е веќе е чудо.   

Ема Гејтвуд имала 67 години кога се решила на еден неочекуван потег. Потполно сама, носејќи ги фамозните патики „Старки“, да го помине Апалачкиот планински венец кој минува низ 14 држави и е долг 3.489 километри.

Патувала 146 дена, околу 30 километри на ден. Спиела на отворено, изложена на диви животни и секакви временски неприлики.

На околу 500 километри до целта, наишла на мост кој бил срушен од скорешна бура. Тоа бил единствениот пат по кој можело да се премине на другата страна, но не сакал да се откаже. Ѝ се насмевнала среќа па наишле двајца планинари, тројцата се врзале меѓусебе и успеале да ја минат надојдената река. 

Ема станува првата жена која го минала тој ланец. Во тоа патешествие, нашла нова смисла на својот живот па после две години го повторила истото патување, овојпат за да може повеќе да ужива отколку првиот пат. Станува првиот човек кој двапати го минал планинскиот ланец. 

И тоа не е сè. Седум години подоцна, на 76 години, планините ги минува и по трет пат.

Оваа неверојатна жена имала тежок живот. Била мајка на 11 деца, имала 24 внуци и 30 правнуци но 30 години трпела малтретирање од мажот од кој конечно се развела.

Починала на 85 години и планинарела последните 18 години од својот живот, што, според нејзините зборови, ѝ давало нова животна сила. Во нејзина чест, некои делници на планинскиот ланец го носат нејзиното име.

А нејзините старки се во музеј.

 

19 септември 2023 - 10:24