„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.
Во пресрет на првиот дуел од новата сезона во англискиот Чемпионшип, Вест Бромвич Албион ја претстави новата клупска маскота: човек-бојлер, после што навивачите се држеле за глава.
Во науката за сексот многу повеќе внимание е посветено на чинот на имањето секс - кога, каде, со кого - отколку на тоа што луѓето мислат за него. Еден истражувач одлучил малку да се позанимава со темата, и по спроведување на најголемиот проект посветен на сексуалните фантазии, издал книга во врска со тоа.
Не се мисли (само) на оние кои имаат најмногу секс, туку и на оние кои најмногу мислат на него. И притоа, барем во книжевноста, тоа главно не е на арно.
Еден од ретките примери кога за да кажеш што и да е за филмот всушност мораш да ја откриеш главната финта. Затоа, освртот кој следи е од типот „газење по јајца“.
Наречена „поп стар на порното“, Стоја, актерка и продуцентка на филмови за возрасни со српско потекло, е бранителка на порно индустријата и еден од нејзините најартикулирани коментатори. Сега има и нова книга.
На 5 јуни во Тулуз, Франција, почна судење кое има врска со неколку работи: грабеж на банка, панк движење кое беше популарно низ Европа во раните 1980-ти, и еден човек кој се врати од мртвите. Необична комбинација, за необична приказна.
Во репрезентацијава на Аргентина летово нема да го видиме еден од најефикасните напаѓачи на светот а причините за тоа се од крајност во крајност. Некој смета дека Меси одлучува за сè кај „Гаучосите“ и дека поради тоа Мауро не добил повик.
Во Аргентина избил голем скандал откако тамошната фудбалска федерација им поделила прирачник на фудбалерите, стручниот штаб и навивачите за тоа како да се однесуваат во Русија. Во часописот пишува и како да им се додворуваат на Русинките.
Тој е ноќна мора за италијанската левица и партијата во подем „Пет ѕвезди“. Има еден куп кривични пријави за него, обвиненија и тужби а додека тој оди на рочишта, славниот Сорентино за него снима филм. На Берлускони му е интересно и без Милан.
Под „пусто турско“, а пред влијанието на западната хетеронормативност од доцниот 19 век, сексуалните обичаи биле многу поразлични и поживописни отколку што замислуваме. Пример за тоа е отоманската сексуалност.
Додека првиот е галамџија и сака да се пофали за тоа која девојка ја посетила неговата спална, овој вториов е закопчан до врат и на папараците им бега како на времето на стоперите. А бил позаебан играч од Бобо.
“Bona to vada your dolly old eek!” Ова може да звучи како бесмислена реченица, но всушност бил вистински поздрав помеѓу геј мажите во Британија во 1950-тите и 1960-тите. Значи „Фино што ти го гледам убавото лице“ и е изговорена на јазик кој се нарекува полари.
Стереотипно, средниот век го замислуваме како мрачен и тотално нееротичен. А пак историјата на сексот како линеарна, која тече од репресијата под христијанскиот запад, до денешната (наводна) сексуална слобода. Ама изгледа не било баш така...
„Мозаик“ е минисерија во траење од повеќе од седум часа, во која гледачите имаат можност да бираат по кој редослед ќе го следат дејството, односно кои ликови ќе им бидат „главни“. Сценариото има повеќе од 500 страници, било развивано по дефинирањето на главниот костур на приказната, и тоа со години.
Некогашното дете од школата на Манчестер Јунајтед денес го носи целиот прв тим во моменти кога на соиграчите не им оди баш најдобро. Го ашкаа по позајмици во втора лига за да се врати на „Олд Трафорд“ како зрел играч спремен за настап на Мундијалот 2018.
Филмот кој од нејасни причини беше номиниран за Златен глобус во категоријата „најдобар мјузикл или комедија“, жанровски е веројатно најблиску до социјален трилер или хорор сатира на расизмот. Но според режисерот Пил, кому ова му е дебитантски филм, „Бегај“ (двосмислено, и како предупредување, и како навреда) е - документарец.
Вистинитата приказна за Њутн како неуспешен берзански инвеститор обично се користи за да се илустрира ирационалноста на економските одлуки и влијанието на толпата. Ако Њутн не можел да им одолее, што ни останува нам, на обичните?
„Љубител на мачки“ е дебитантски краток расказ на Кристен Рупениан, објавен во Њујоркер од 11 декември. Тој предизвика бурни реакции поврзани со модерните врски и дефинирањето на „согласноста“. Но покажа и дека луѓето (веќе) тешко прават разлика помеѓу документарното и фиктивното.
Исто како што буржујките од 19 век сметале дека е морална доблест да ги спасат „сиротите“ проститутки, кои „фатиле погрешен пат“, крстоносците против трговијата со луѓе гледаат на жените како на слаби и ранливи суштества. Ова е само дел од контроверзните ставови на Лора Агустин, која наскоро гостува во Скопје.
За Мамиќ, Ѕампарини, Хесус Хил и Џиџи Бекали знаеме речиси сè. Ако од сите нив ги извадиш најдобрите карактеристики ќе го добиеш Масимо Фереро, харизматичниот газда на Сампдорија чии навивачи го обожаваат. Неговиот животен пат немал многу што со фудбалот.
Подзаборавената приказна за Сабина Шпилрајн, пионер во областа на психоанализата, жртва на антисемитизмот, нацизмот, но и на нејзините машки колеги кои „зајмеле“ од нејзината креативност и оригиналност.