Њујоршка изведба на „Јулие Цезар“ во која беше „убиен“ Трамп овој месец предизвика протести и повлекување на спонзорите. Aма Полјаците беа први во сличен театарски скандал, иако за нив подоцна се дозна. Нивна „мета“ - католичката црква и лидерот на полската владеачка партија, Јарослав Качински.
На 4 мај во Лондон ќе се оддржи премиерата на престава под наслов „„Вашите секси пораки се срање: постарите подобри писма“. Денешната еротска коресподенција не е ништо во споредба со старата добра вештина на заведување преку рачно напишани писма. А Џојс е махерот во оваа област.
На некогашниот пејач на Смитс не му е прв пат да западне во контроверзи. Во случајов на маичка што планираше да ја продава како сувенир на следната турнеја во САД тој има искомбинирано свои стихови со лик на познат црн писател и активист. А комбинацијата е отворена за толкувања.
Нова биографија на Клара Петачи, ќерка на личниот доктор на Папата, која на 20-годишна возраст ја остварила својата опсесија, да му биде љубовница на 49-годишниот Дуче.
Има повеќе причини зошто висок политичар би бил приморан да се откаже од привилегиите на својата функција, и тие најчесто имаат врска со пари или со секс скандали. Но има и ретки примери со кои не можеш а да не сочувствуваш, затоа што се за греота. Ова е еден од нив.
За да се насладувате на визуелни прикази на секс порано не сте морале да имате интернет. Но сепак требало да бидете во одбрано друштво претплатници на ограничен број примероци високо уметнички илустрирана литература. Која и не била толку за читање, колку за гледање.
Од невини престапи како да каснеш падобранец сред диета, до поголеми кои вклучуваат измами, секс или пари. Најчесто им одолеваме, особено на поголемите. Но кој е подобра личност: оној кој постапува морално додека е искушуван, или оној кој никогаш не доаѓа во таква ситуација?
Пролетта во Скопје е супер. Не морам да се стискам веќе внатре... шалој- капи- капути и слично, ниту да се мрзнам надвор за цигара. По стоти пат си ветив дека ќе престанам да пушам и успеав.
Парови и друштва со парови. Најхорор варијантата за Нова Година, бетер од тоа да немаш интернет за Нова Година или струја.
Ќе се собираат негде на мезе или најстрашно дома. Девојките ќе се дотеруваат како на прв дејт за во случај да заборавил дечко и колку е јака она. Ќе служи и ќе мести по масата за да, ете оваа атмосфера го потсети дека она е и домаќинка и плус атмосферџика што треба да ги појача нејзините шанси за свадба.
Пролетта во Скопје е супер. Не морам да се стискам веќе внатре... шалој- капи- капути и слично, ниту да се мрзнам надвор за цигара. По стоти пат си ветив дека ќе престанам да пушам и успеав.
Насловот асоцира на лик од стрипови на Марвел. Но Виго Мортенсен во овој филм игра еден поинаков супер-херој, кој се обидува своите деца да ги заштити од злата на истата таа цивлизација која хипнотизирајќи нè со Спајдермен и Бетмен заборава да нè научи како да уловиме зајак, ако се најдеме некаде каде нема ист таков - „супер“ - маркет.
Eри де Лука, добитник на Европската награда за литература за 2013, фален како „писател на деценијата“ од Кориере дела Сера во 2009, сега доби уште едно престижно признание - годишната награда за најлоша секс сцена во книга.
Младиве се за греота. Затворени по дома, водејќи виртуелни животи, тие не се соочени со реалниот свет, во кој треба да покажеш издржливост, храброст и одлучност. Мислејќи дека се посебни - каква што е наводно секоја снегулка - тие се ранливи, и лесно се топат. Не дека нема такви и возрасни.
Од древните грчки оргии и вибраторот на Клеопатра полн пчели, преку смерните викторијанци, до сексуалните вештини на Индија, нашите (човечки) сексуални копнежи и реализирани ќефови отсекогаш биле разновидни. Нов стрип напишан од познат сексолог ја следи не само историјата, туку и можниот развој на настаните на полето на физичкото општење.
„Патинестиов“ маж на сликава тешко ќе го препознаете дури и ако сте пасиониран љубител на неговите филмови. Затоа што ликот не му е главниот актерски „инструмент“. Порно легендата сега е тема на нов документарец.
Во текот на финалната претседателска дебата Трамп ја нарече Хилари „гадна“ жена. Нејзините приврзанички едвај дочекаа повод и самите да изјават - да, и тие се гадни и опасни. Дали ова се навистина навредливи зборови кога се применети на жени?
Минатата сабота (17.09) во Југословенско драмско позориште се одржа премиерата на Шекспировиот „Хамлет“. Режисер е Александар Поповски, а новиот Хамлет е Небојша Глоговац. Адаптацијата ја направи Горан Стефановски, а композитор е Кирил Џајковски. Еве дел од од драматуршката експликација за претставата на Горан, која ја пренесуваме од белградско „Време“.
За строгите животни правила на Толстој сме пишувале и претходно, меѓу кои потиснувањето на страстите со физичка работа и станувањето секој ден во пет. Никаде во нивне се спомнува за тоа време декадентниот спорт, кого сите (па и Толстој на помлади години) го сметал за буржујска и незрела работа - тенисот.
Наводно вистинската приказна за сопственик на хотел, кој водел детални белешки за она што го гледал низ отворите на собите, предизвика скандал во САД. Но дури и да не е документарна, таа е вознемирувачка. Затоа што го буди воајерот во секој од нас.
Претходник на минимализмот, надреализмот и театарот на апсурдот, Сати себеси не сакал да се нарекува композитор, туку човек кој создава амбиентална музика што се вклопува во просторот како дел од мебел. Ова е само една од неговите ексцентрични идеи, кои и по век и половина од неговoто раѓање само покажуваат колку бил пред своето време.
Рич Коен, кој пишува за Венити Фер и за Ролинг Стоун, заедно со Скорсезе, Џегер и Теренс Винтер е ко-автор на серијата „Винил". Неговата најнова книга која излезе вчера, 10. мај, „Сонцето, месечината и Ролинг Стоунс", е опишана како наративна историја на бендот со чии членови тој се дружел од средината на 1990-тите.
Вербализираните описи на секс како да се однапред осудени на неуспех. Или се преапстрактни, или се вулгарни. Или се емоционално испразни, или се патетични. Затоа и до сега имаше награда за најлош, но не и за најдобар опис на секс во книги.