Мртви Руси, мртви Украинци, само оставени таму да лежат и не знам зошто, избезумено ја раскажува за Скај њуз ситуацијата на првата линија на фронтот 28-годишниот ирски доброволец Рис Бирн, кој веќе 17 месеци војува во Украина.
Русија подготвува армија од 100.000 војници за напад на северниот дел на украинскиот фронт за да го олесни притисокот на југот каде до сега се случува најголемиот дел од операциите од украинската контраофанзива.
Официјално заради скриени санкции на рускиот извоз на храна и ѓубриво, Русија вчера се повлече од договорот за жито, со кој се гарантираше испорака на милиони тони жито и маслодајни семки (соја, сончоглед...) неопходни за прехранување на добар дел од планетава.
Во првите две недели од контраофанзивата Украина изгуби речиси 20% од своето оружје и оклопни единици, а за возврат доби малку територија. Загубите паднаа како што јуришот беше малку забавен а командантите почнаа да ја менуваат тактиката.
По распаѓањето на Советскиот сојуз, НАТО постојано флертуваше со идејата дека ќе ја прави Украина своја членка. После последниот самит во Вилнус, Зеленски тешко дека може да се прави изненаден што Алијансата со една рака му даде покана а со другата ја повлече. Алијансата така ѝ прави на Украина едно 30 години.
За САД станува се потешко да ја санкционира иранската индустрија за дронови, бидејќи Техеран почнал да се потпира се повеќе на домашни компании за изработка на леталата што и ги испраќа на Русија.
Поплаката на украинскиот лидер за тоа што земјата не доби никаков конкретен датум за приклучување кон Алијансата му даде шанса на Западот да го направи тоа што најдобро го прави - да биде навреден.
Цената што НАТО ќе треба да ја плати за проширување на Алијансата е далеку поголема отколку користа што ќе ја има, предупредуваат двајцата автори од Като институтот во текстот за Форин полиси.
Ако на почетокот од војната употребата на касетни бомби од руската страна беше прогласено за „воено злосторство“, сега американската пратка на касетни бомби за Украина од истите луѓе се води како неопходна помош.
Тенисот во земјите од поранешниот Советски сојуз секогаш давал сјајни таленти па така и годиниве на највисоките позиции и во женска и во машка категорија се атлети од овие земји. Сега главен хит на Вимблдон е 16-годишната Мира Андреева од Русија.
Иако пандемијата речиси преку ноќ ја заборавивме без да си дадеме фора да го дижестираме она што глобално ни се случи, денес се појавуваат цифри кои дополнително ја усложнуваат приказната. Тие не ги даваат сите одговори кои можеби би не интересирале ама затоа отвораат некои прашања. А прашањата- зезнати.
По 16 месеци војна, што заради уништување руски, што заради дарување западни, украинскиот арсенал на тенкови се изедначи со рускиот, проценува германскиот Киел институт.
Викаат дека за наследник на Столтенберг на чело на НАТО, Џо Бајден ја бутка Урсула фон дер Лејен. „Кога клучните прашања се решаваат со договори под тезга, завршувате со најлошите можни кандидати, во најлошо можно време. Завршувате со Урсула фон дер Лајен – политичарка која секој неуспех ја води уште погоре“.
Поранешен американски војник кој во приватна режија се приклучува од украинската страна во одбраната од руската инвазија се отвора пред Дејли бист за своето искуство во војната кое на кратко е сумирано во „не се враќам назад.“
Шпанија ја декласираше Украина со 5:1 и обезбеди финале против Англија на Европското за играчи до 21 година. И меѓу младите се кријат манипулатори, како што е на пример Алекс Баена од Виљареал. Цвикаше на земја без никаква потреба.
Нели руската војска требаше да пропадне пред неколку месеци? Нели Путин ќе беше срушен? Нели рубљата беше втурната во смртна спирала? Нели отцепувањето на рускиот банкарски систем од SWIFT требаше да ја осакати руската економија? Како тоа сега стапките на инфлација во Европа и САД се повисоки отколку во Русија?
Најголемиот руски производител на воена опрема Ростек одлучи во еден од своите најголеми производители, Уралвагонзавод (УВЗ), да го суспендира производството на сите други производи од нивното портфолио и да се даде само на производство на тенкови.
Селекцијата на Украина ја изненади Франција со 3:1 во четвртфиналето на Европското првенство за играчи до 21 година. Крилото на Челси Михајло Мудрик, кој играше на 16 јуни и за сениорите против Македонија, се истакна со страшен пас од своја половина. Украинците во полуфинале одат на Шшанија, а другата двојка е Израел - Англија.
За време на посетата на Марсеј, претседателот на Франција најави дека таму ќе се гради нова модерна воена болница која ќе биде потребна во случај на голема војна од висок интензитет.
Се работи за битката кај Мала Токмачка во која украинската 47-ма јуришна бригада и 33-та механизирана бригада се обидоа да пробијат преку минско поле што според Форбс завршило покатастрофално отколку што до сега се мислеше.