Пред еден месец 16-годишната Мира Андреева стана една од сензациите на Ролан Гарос кога ги пројде квалификациите против повозрасни тенисерки, стигна дури до трето коло во глваниот ждреб. Во Париз Мира победи на дури пет мечеви од кои четири беа против подобро пласирани ривалки.
Андреева блескаше притоа и на турнирот во Мадрид каде само една недела откако наполнила 16 години стигна до 1/8 финале на силниот турнир. Оттаму почнаа и споредбите со Мартина Хингис, Курникова, Шарапова, главни хероини на епохата кога во ВТА шоу правеа тинејџерки.
Андреева во професионалната кариера, ниво на кое е речиси само 1 година, веќе има 55 победи. Младата Мира во меѓувреме се подготвила за Вимблдон каде деновиве е најозборувана тема.
Таа во Сèанглискиот клуб дојде со неколку свои сонароднички и тенисери и тенисерки од Белорусија и Русија кои се под дискриминација од организаторите и мораат да настапуваат без знамето на нивните земји покрај нивното име како и без какви било обележја поврзани со нивните земји, пракса која што трае од почетокот на воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
Мира Андреева и покрај тоа во само неколку дена:
- ги мина квалификациите иако никогаш претходно не играла на трева
- во второ коло од главниот ждреб ја совлата силната 11-та рекетка на светот Барбора Крејчикова иако губеше 3:6 и 0:4
- Во трето коло ја совлада актуелната шампионка на дури два ВТА турнири Анастасија Потапова и веќе влезе во втора недела од турнирот на својот само втор Грен Слем на 16 години!
Во тениската историја само Ким Клајстерс во 2009-та и Коко Кауф десет години подоцна во 2019-та биле помлади во моментот кога ги минале квалификациите на Вимблдон и оствариле идентичен резултат со Мира Андреева (18 години и 68 дена во тој момент).
Мира на почетокот на годинава беше финалистка и на јуниорскиот дел од Австралија Опен а на Ролан Гарос ги совлада Риске-Армитрај и Пари па загуби во 3. коло од Коко Гауф.
Русинката дебитира на Вимблдон практично идентично како Марија Шарапова во 2003-та: Маша тогаш на 16 години и со речиси ист рејтинг како сега Мира. Андреева неделава беше 102. рекетка на светот а Шарапова 91-ва).
Интересно и двете се клиентки на врвната академија IMG а и двете имале сјајни резултати во јуниорска категорија.
Шарапова сепак во годината на професионално деби не играше првпат на Вимблдон. Година претходно во јуниорското финале загубила од Вера Душевина и на турнирот 2004-та влегла со таканаречената вајлд карта.
Шарапова во своите автобиографски излагања се сеќава дека медиумите тогаш ја нарекле „руска сензација“ уште после победата над Ешли Ерклоад.
Мира Андреева на Вимблдон веќе стигна како сензација затоа што со 16 години веќе забележа неколку победи на Ролан Гарос, најмлада тенисерка е во Топ300, нова миленичка на медиумите и навивачите и една од хероините на следен серијал на Нетфликс.
Мира денес на пладне ќе игра против силната Американка Медисон Киз (28) која е поранешна Топ10 и која победила на последните осум меча (сите на трева).