Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Русјаков: ЕУ е ќор-сокак, немаме друга алтернатива освен БРИКС

15 јули 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Западот, неговата бесна меинстрим-глутница, го мрази Новак Ѓоковиќ. Толку се хистерични во својата омраза што кутрите мора да навиваат за руски тенисери кога играат против Ѓоковиќ/ Новак Ѓоковиќ и без да сака, стана еден вид симбол на отпорот против изопачените погледи на Западот, рамо до рамо со Асанж и Сноуден. Затоа го мразат, зашто не ги дели нивните забегани вредности со кои нас тука, како и секаде во светот, нè отекуваат дека се врвни и приоритетни.
  • Такви се прогресивните лицемери. Ниту сакаат, ниту почитуваат. Ако за милиметар застраниш од нивната агенда, им се активира омразата. До вчера се лигавеа како „Небо над Берлин“ им е еден од омилените филмови, веќе утре спремни се да го запалат Петер Хандке на клада. До вчера пиштеа против лустрацијата на човекот Славко Јаневски (не на неговата уметност), а веќе денес се ноеви со главите во песок откако се дозна дека „Црно семе“ и „Црнила“ се исфрлени од наставната програма. Таква е лицемерноста на интелектуалната бижутерија со усти полни западни вредности… и грантови.
  • Немаат време да се занимаваат со Ташко и Коле, зашто, следам, ловат вештерки виновни за смртта на кутриот Ноа од Белград. Кутар, не зашто е момче што се чувствувало како девојче, негова работа, туку зашто беше брутално убиен од својот љубовник, психопат. И не, не е убиено трансродово лице, убиен е човек. Е ама, за смртта на Ноа да не ти бил виновен убиецот, туку некои институции и личности, кои не им се по ќеф на прогресивните. А кога ним нешто не им е по ќеф, стануваат инквизиција.
  • На самитот во Вилнус, Украина доби зелено светло. Ќе ги зачленат во НАТО по завршување на војната. Ама војната не смее да заврши. Мора да се води до последниот Украинец. Генијално, а?
извор

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
  • „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
  • Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
  • „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.
извор

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
  • Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
  • Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз. 
  • Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
  • Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Македонштина
2

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

3

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
4

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
5

Супер натпревар на Ацтека, Англија со играч помалку оди во четвртфинале

Фудбал
6

Вимблдонска утопија

Мешано
7

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Свет
8

Музеј на современи вазали

Македонштина
1

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

2

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Свет
3

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
4

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

5

Трамп дели правда и на Светското првенство

6

Врховниот суд ги заштити трујачите со хербициди од тужби на болни од рак

Здравје
7

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

8

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Епски календар на една македонска општина

Саша и бомбите на Заев

Како преживеа каталонскиот?

Невено бре!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy