Студија ги анализира истрагите и судските процеси во Украина во врска со масовното убиство што се случи во Киев на 20 февруари 2014 година. Масакрот во Мајдан водеше кон соборување на владата на Јанукович и последователната анексија на Крим, граѓанска војна и конфликт Украина-Русија и Запад-Русија кои Русија го ескалираше со инвазија на Украина во 2022 година.
Апсолутно мнозинство ранети демонстранти на Мајдан, речиси 100 сведоци на обвинителството и одбраната, синхронизираните видеа и медицинските и балистичките наоди недвосмислено укажуваат на фактот дека демонстрантите биле масакрирани од снајперисти лоцирани во зградите под контрола на Мајдан.
До денес, поради политичката чувствителност на овие наоди и прикривање на целиот случај, никој не е осуден за овој масакр. Написот ги разгледува импликациите на овие откритија за украинско-руската војна и иднината на руско-украинските односи.
Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Мерц за асоцијативно членство на Украина во Европската Унија, без да мора Киев да ги исполни строгите критериуми, но и да нема право на глас.
„Не е фер Украина да биде присутна во ЕУ, а да остане без глас. Време е да се продолжи со членството на Украина на целосен и значаен начин“, напиша Зеленски во писмо до европските лидери.
Тој додаде дека Украина дејствува како „бедем против руската агресија“ за целиот блок од 27 земји.
„Ја браниме Европа – целосно, не делумно и не со полумерки. Украина заслужува фер пристап и еднакви права во рамките на Европа“, додава премиерот, чија влада е потресена од низа скандали за корупција.
Европски функционери сметаат дека не е реално Украина да ги исполни условите за полноправно членство во следните неколку години. Пристапувањето бара и ратификација од сите 27 членки, што ја зголемува можноста за блокада или за развлекување на процесот.
Мобилниот оператор на семејството Трамп потврди дека поради безбедносна дупка протекле лични податоци за 27.224 луѓе што го нарачале новиот „златен“ мобилен телефон Т1.
На интернет биле откриени имиња, електронски и поштенски адреси на луѓето што платиле депозит за телефонот, вклучувајќи и идентификатори на нарачките.
Внатрешната истрага на TrumpMobile утврдила дека не се загрозени чувствителните финансиски податоци за платежните картички и банкарските сметки. „Нема повреди на мрежата, системите или на инфраструктурата“, изјави портпаролот Крис Вокер.
Телефонот Т1 во златна боја беше пласиран на пазарот со задоцнување од цела година. Раните купувачи се регистрираа и платија депозит од 100 долари, за да го добија телефонот по привилегирана цена од 499 долари.
Производителите отстапија од првичната најава дека телефонот целосно ќе биде произведен во САД и втиснаа погрешно американско знаме на позадината.