87% посед на топка, 51:0 во шутеви, 12:0 во рамки на гол, 19:0 во корнери. Просто е чудно што Холанѓаните и дале само 3 гола на најмалата фудбалска земја во светот со 30.000 жители. Ние лани им дадовме четири уште во првите 30 минути.
Голманот на Милан има само 7 настапи за репрезентација, ама со последните два се најавува како наследник на Хуго Лорис кој се повлече после Светското како рекордер на Франција со 145 меча. Против Холандија одбрани пенал во 95-та минута, а синоќа против Република Ирска се испружи ко Толдо. Ирците во гол ја видоа топката и мислеа дека имаат 1:1 во финишот.
ФБИ се соочува со еден од најголемите скандали кои му се случуваат во последно време. Еден негов поранешен шеф за разузнавање прво беше обвинет за сомнителни руски врски но во меѓувреме се обелоденуваат и детали за неговото сојузништво со Еди Рама во прогон на политички противници и рекетирање непослушни бизнисмени.
Химната на Македонија рокната на италијански моторџија, Бисер балкански, Жаклина, фешта по улици, феноменална храна, пиво 1,5 евра и пред сè АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ. Како вчера да беше.
Во нашата квалификациска група Ц, Македонија со триумф над Малта од 2-1 го стартуваше циклусот со три бода, а толку освои и силната Англија на гостувањето кај Италија на преполн „Диего Армандо Марадона“ во Неапол. Англичаните водеа 0-2 на полувреме со головите на Деклан Рајс и Хари Кејн од пенал. Набрзо по погодокот на Кејн, Џејк Грилиш најскапо платениот фудбалер во историјата на Премиер лига до скоро, имаше епска шанса за гол но промаши.
Легендарниот центарфор минатиот викенд влезе во историјата како највозрасен стрелец на гол во италијанското првенство. Ибра тешко дека некој скоро ќе го тргне од таа вечна листа, а во меѓувреме излезе и интересна ангедота (којзнае која по ред) од неговата младост.
Факултетот по теологија од Универзитетот во Хелсинки реши својата најпрестижна академска титула да ѝ ја даде на Грета Тунберг. Озгора на тога, ова не ѝ е прв докторат на 20 годишната климатска активистка која пред неколку години го обвини светот дека ѝ ги одземал соништата.
Движењето Блек лајвс метер и каузите кои гравитираат околу него од 2020 до денес добиле или им биле ветени 82,9 милијарди долари од најразлични американски компании и корпорации, објавува Њузвик.
Во 30. коло од белгиската Про лига, Стандард Лиеж имал 2-0 против Ѕулте Варегем, но гостите на крај израмниле 2:2 и освоиле важен бод во борбата за опстанок. Првиот гол за тимот од Варегем го дал 21-годишниот Алиу Фадера во 76’ минута. Погледнете го.
Некогаш еден од столбовите на глобалниот финансиски систем, Кредит Свис груп АГ, по напнати 48-часовни преговори повеќе не постои, и за 3 милијарди швајцарски франци ќе се претопи во швајцарската банка УБС. За луѓето што ја следат банката, нејзиниот пропаст беше само прашање на време.
Во Неапол владее Викторманија или поточно во цела Италија. Со неговата голгетерска форма и приморан имиџ на лицето влијае и кај старо и кај младо. Славниот италијански репрезентативец, Лука Тони со преку 300 гола во кариерата и светска титула 2006 е спремен за маскенбал.
Ирецот Мајкл Мини, за пријателите „Мик“, имал добра репутација во Лондон. Бил познат по својата физичка снага, што го правела пожелен градежен работник, но и по љубовта кон боксот и желбата да стане професионален борач. На патот кон остварување на своите амбиции тој одлучил да преземе радикален чекор.
Наполи на Елиф Елмас се пласираше во прво историско четвртфинале на Лига на шампиони откако синоќа и во реваншот го совлада Ајнтрахт Франкфурт 3:0, па со вкупен резултат 5:0 оди во следна рунда. Натпреварот го одбележаа жестоки сцени на насилство во центарот на Неапол.
Фудбалерите на Реал Мадрид и Наполи и на домашен терен ги совладаа своите ривали по триумфите на гости во Ливерпул и Франкфурт пред неколку дена и го потврдија пласманот во 1/4 финале на Лига на шампиони.
Наполи ја игра најдобрата сезона уште од времето на Марадона. Неколку години по ред тимот од југот на Италија е при самиот врв во лигата но никогаш не успеа се избори до крај за скудето. Овојпат веќе спремаат терен за големи прослави.
Манчестер Сити пред неколку дена не успеа да победи и одигра само 1:1 кај Ред Бул Лајпциг во Германија. Затоа на реваншот го декласираа германскиот клуб со 7:0. Им дадоа три гола во прв дел и четири во втор. Волшебна вечер имаше Ерлинг Халанд.
Ајнтрахт, клубот, градот и навивачите од Франкфурт се бесни на одлуката на италијанските власти, во соработка со клубот и градот Неапол, да се забрани влез на гостински навивачи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ на реванш мечот од 1/8 финале меѓу Наполи и Ајнтрахт во среда вечер.
Во седмото коло од новата сезона во Аргентина, Ривер Плејт со 3-0 го растури Годој Круз. Два гола домаќините дадоа од пенал, еден од нив реализираше Лукас Белтран а навивачите уживаа зад еден од головите на стадионот кој неодамна беше комплетно реновиран и сега има зголемен капацитет.
Голден Стејт Вориорс со 123:112 го совлада Феникс, а јунак на мечот беше еден од двајцата лидери во тимот, повеќекратниот шампион Клеј Томпсон кој уфрли 38 поени од кои дури 33 во само 18 минути. Томпсон шутираше 12/18 од игра а 8/12 за три поени.
Спортинг Лисабон со 3-0 ја совлада Боависта во 24. коло од португалската Примеира и направија супер увертира пред реваншот со Арсенал во Лига Европа во четврток. Голот на Нуњо Сантош на овој натпревар и официјално се смета за најубав на Спортинг сезонава, а ќе конкурира и за број 1 во лигата.