Радоста на Неапол и неговите граѓани синоќа беше поматена со неверојатните сцени надвор од стадионот, близу центарот на градот на некои од плоштадите.
Таму германските навивачи на кои им беше изречена забрана за присуство на стадионот, револтирани и бесни се судрија со полицијата. Пред и после мечот органите на редот се обиделе и успеале во намерата да спречат судир меѓу двете навивачки групи.
Но бесот и едните и другите го искалиле врз полициските службеници:
Scenes in Naples are shocking. This ain’t what our sport is about
— Italian Football TV (@IFTVofficial) March 15, 2023
pic.twitter.com/am4B2XTnIo
Eintrach Frankfurt fans rioting.
— Nico 🇮🇹🌋 (@bumabogey) March 15, 2023
They don’t know what’s coming.#SSCNapoli #EintrachtFrankfurt pic.twitter.com/gw2g8yl1hh
The situation seems to have calmed down in Naples but it didn't look good some minutes ago, as Eintracht Frankfurt fans caused chaos.pic.twitter.com/Ca0t5Zx5Ea
— Get Italian Football News (@_GIFN) March 15, 2023
Но епилогот на крај е неколку повредени лица, запалени возила, мопеди, приведени хулигани.
Италијанските власти изрекоа забрана за гостински навивачи поради страв од инциденти, но и покрај тоа стотици навивачи на Ајнтрахт Франкфурт заедно со нивните пријатели навивачи од Аталанта Бергамо запоседнале еден од градските плоштади и таму се судриле со органите на редот.
Германските навивачи не присуствуваа на натпреварот и сите денес ќе бидат депортирани дома: