Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

УБС ја купи Кредит Свис за да го спаси глобалниот банкарски систем

20 март 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Најголемата швајцарска банка УБС се согласи да го купи својот ривал Кредит Свис како би го спречил потенцијалниот крах на банкарскиот систем откако од почетокот на март пропаднаа две американски банки.
  • УБС за Кредит Свис ќе плати 3 милијарди швајцарски франци, што е околу 60% помалку од пазарната вредност на банката во петокот попладне. Акционерите ќе добијат по околу 0,76 франци за акција која во петокот по затворањето на берзите вредеше 1,86 франци.
  • За зделката нема да биде потребно одобрение од акционерите откако швајцарската влада се одлучи да го промени законот за да нема никакви несигурности околу зделката.
  • Минатата недела Кредит Свис призна дека има „слабости“ во внатрешното сметководство, по што нејзините акции паднаа за 25%. Во еден момент, комитентите на банката почнаа да вадат по 10 милијарди долари на ден од своите сметки. Дури и итниот заем од Швајцарската централна банка во износ од 54 милијарди долари не успеа да го спречи крварењето.
  • УБС и Кредит Свис се меѓу 30-те најважни банки на глобалниот финансиски систем, и заедно имаат посед од околу 1.700 милијарди долари.


    Министерката за финансии на Швајцарија, Карин Келер-Суте
извор

Нетанјаху може да почне да се пакува

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Партијата „Раам“ на Арапите во Израел го поддржа Гади Ајзенкот како мандатар за состав на идната влада, по парламентарните избори кои завршија без јасен победник.
  • Со осумте пратеници од Раам, блокот зад Ајзенкот веќе има поддршка од 56 пратеници, повеќе од блокот на Бенјамин Нетанјаху (52).
  • Тоа може да биде пресудно, бидејќи претседателот Исак Херцог денеска ги почнува консултациите со политичките партии и треба да му го додели мандатот на кандидатот кој има најголема поддршка во Кнесетот.
  • За Ајзенкот се очекува да се определи и другата партија на Арапите – „Заедничка листа“, која освои 11 пратенички места.
  • Ајзенкот пред изборите отфрлаше коалиција со партиите на Арапите во Израел, но би можел да состави малцинска влада, која би добивала поддршка за клучните одлуки.
извор

Пропаѓа договорот на Трамп за руски дизел?

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Договорот на Доналд Трамп со Владимир Путин за увоз на руски дизел се чини дека пропаѓа, откако два танкери скршнаа од курсот кон САД.
  • Неколку недели пред изборите во САД, Трамп ненадејно ги укина санкциите за увоз на руски дизел за да ја спушти цената на горивото на пумпите.
  • Американските резерви на дизел паднаа под 100 милиони барели првпат во последните две децении.
  • Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Британија и ЕУ, и „Леруо“, кој е под санкции од Британија, ЕУ и Канада, повеќе не го наведуваат атлантскиот брег на САД како своја дестинација. Првиот се упатил кон Средоземно Море и објавил сигнал дека чека наредба, а другиот скршнал кон Бразил.
  • Во меѓувреме, трет танкер под санкции – „Бист“, плови кон САД откако на 27 октомври тргнал од руското пристаниште Приморск.
  • Како можна причина за промената на курсот на танкерите, Фајненшл тајмс ја наведува неизвесноста дали ќе им биде дозволено да влезат во американските пристаништа поради легалноста на товарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонски колбас со ајвар

Разно
2

Јапонија бара резервен главен град

Свет
3

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
4

Се очекува стампедо

Балканштина
5

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
6

Како се однесува Богојески кога не е под надзор

Македонски рулет
7

Иран: Американците рекоа НЕ за војната

8

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Балканштина
1

Јапонија бара резервен главен град

Свет
2

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
3

Иран: Американците рекоа НЕ за војната

4

Ерменија брза кон ЕУ

5

Германија толерира 200.000 нелегални мигранти

Свет
6

Со војната против Иран, Трамп го смени режимот - во Вашингтон

Свет
7

Нетанјаху може да почне да се пакува

8

Вухан го тужи Мисури за клевета за ковид

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми

Еуфемизам на денот

Балканштина

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Интернет, го гледаме погрешно

Ќелави од сите земји - помирете се!

Нутела по улиците на Гази Баба!

Како Голдман пак ќе ја Секса Америка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy