Каква вечер за Клеј Томпсон: 33 поени за 18 минути

Голден Стејт Вориорс со 123:112 го совлада Феникс, а јунак на мечот беше еден од двајцата лидери во тимот, повеќекратниот шампион Клеј Томпсон кој уфрли 38 поени од кои дури 33 во само 18 минути. Томпсон шутираше 12/18 од игра а 8/12 за три поени.

Томпсон по трет пат во кариерата уфрли 30 поени со 8 тројки за две четвртини и се израмни со лудиот подвиг на Демијен Лилард кој досега беше единствен во последните 25 години кому му тргнало од рака да постигне толку поени во толку краток интервал. Од 1996/1997 ниту еден кошаркар не успеал во таа намера. 

 

14 март 2023 - 09:31