Гибралтар исто како да не играле

87% посед на топка, 51:0 во шутеви, 12:0 во рамки на гол, 19:0 во корнери. Просто е чудно што Холанѓаните и дале само 3 гола на најмалата фудбалска земја во светот со 30.000 жители. Ние лани им дадовме четири уште во првите 30 минути.

Инаку Гибралтар е во група Б со Франција, Грција, Холандија и Република Ирска, што значи дека ги чека екскурзија во четири земји.

Во Евроквалификации скорот им е 0-0-18, а во квалификациите за Светско 0-0-20.

Минатата година ја завршија со две победи во рок од четири дена против Лихтенштајн (2:0) и Андора (1:0), пријателски на домашен терен.

28 март 2023 - 11:03