Светислав Стевановиќ - Лимени, тренер на Раднички од село Ратково, се прослави по тоа што ги одра гласните жици на аут линија, најмногу по извесен Драган.
Тоа беше голема интернет сензација, која не помина воопшто незабележливо. Б92 уште во тоа време направија репортажа за Лимени и клубот кој го води и еве го и ден денес го канат по емисии.
Како настанало славното „Драганееееее“ и каде е и што прави сега Драган?
Темпераментниот стратег се потсеќа дека тоа било 2007-ма година кога водел тим составен од играчи на 14 до 16 години.
Драган, кој беше неприкинлива негова мета, пред едно локално дерби направил две утки поради кој Лимени веднаш решил да го казни. Прво задоцнил во соблекувална и плус ги заборавил копачките.
За казна мечот го следел од трибини, а Лимени потоа на секој натпревар продолжил да му се дере и да му прави притисок.
Јадниот Драган се откажал од фудбал на 22 години, а имал 27 гола до полусезона.