Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Скопје 2014: Колку нè чини незавршеното

29 април 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Четири милиони евра за руини, 24 милиони за празнини, сумира Призма во статија за трошоците за недовршените објекти, оставени фасади и заборавени градилишта од проектот Скопје 2014 кој чинел над 700 милиони евра.

  • Постојат два завршени објекта што стојат празни, а кои, според сумите наведени во договорите за изградба, вредат 24 милиони евра.

  • Зградата позната како „Пелагонија“ и деловниот објект на ЕСМ кои е наоѓаат на левата и на десната страна од Триумфалната порта, стојат така, поради што „Пелагонија“ не се ни користи, додека тој на ЕСМ функционира со тешкотии.

  • Објектите кои требаше да бидат за Финки и за Факултетот за физичка култура и натаму зјаат како празни бетонски карабини, со штици на куполите што пожолтуваат од временските влијанија.

  • Работник не се појавил околу пет години.

извор

Се тресеа документите, се родија црнила

21 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Жртвите на озлогласениот Џефри Епстин (се зборува дека се над 1.000 ) се разочарани и гневни од долгоочекуваното обелоденување на документите поврзани со контроверзните активности на овој милијардер со тесни врски со највисоките кругови на западниот политички и шоубизнис естаблишмент.
  • Тврдат дека не е објавено сè (една од жртвите не можела да ја најде нејзината изјава за ФБИ), она што е објавено е темелно редактирано и зацрнето а исчезнале и најмалку 16 фајлови кои првично беа објавени.
  • Меѓу исчезнатите материјали наводно е и фотографија на Доналд Трамп од архивата на Епстин.
  • „Ако вакви работи кријат, замислете што сè друго кријат“, рече високопозиционираниот демократ Чак Шумер, додавајќи дека се работи за „најголемото заташкување во американската историја“.  
  • Во еден документ од 119 страници, насловен како „Големата порота - Њујорк“, зацрнета е комплетната содржина и оставен е само насловот.
  • Белата куќа тврди дека силното редактирање на објавените материјали е за да се заштитат жртвите.
  • На претходно невидени фотографии, поранешниот принц Ендру лежи со пет жени. На други, Клинтон е во џакузи со главната соработничка на Епстин, Гислеин Максвел.
  • Дел од документите се рачно напишани пораки од типот „Имам женска за него“ „Ќе има женски ама ми бараат 1.000 долари за една“ и слични.
извор

Почина актерот Лазе Манасков

20 декември 2025
  • Share
  • Post
  • На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, соопшти неговиот матичен Драмски театар од Скопје.
  • Манасков е во Драмски е од 1983 година, откако заврши на ФДУ во Скопје. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одигра во негова чест, велат од театарот.
  • Ќе остане запамтен и по своите улоги во Исцелител, Сенки, Трст виа Скопје, Еурека, Солунски патрдии, Македонски народни приказни, Преспав, Пусто турско....

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кустурица веќе не е сопственик на Андриќград

2

Праз, праз, ама....

Македонштина
3

Младата украинска „елита“ се убива за крипто далеку од фронтот

Свет
4

Се одјави Дрaган Б. Костиќ

5

Роди ме мајко менаџер

6

Си биле Босанец, Македонец и Хрват

Фудбал
7

Почина актерот Лазе Манасков

8

Кога од нивното бело ќе ви се стемни

Македонштина
1

Кустурица веќе не е сопственик на Андриќград

2

Младата украинска „елита“ се убива за крипто далеку од фронтот

Свет
3

Се одјави Дрaган Б. Костиќ

4

Почина актерот Лазе Манасков

5

Се тресеа документите, се родија црнила

6

Го чекаа Трамп, го дочекаа Клинтон во досиејата Епстин

7

Германските агенти ќе добијат дозвола за саботажи

Свет
8

Џефри Сакс до Мерц: Научи историја!

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Тој што ќе ја вработи Окси, голема работа ќе заврши

Македонштина

Светла иднина за Букбокс

Балканштина

Прашање од заседа

Македонштина

Кога од нивното бело ќе ви се стемни

Балканштина

Битбокс и побарувачка

Македонштина

Праз, праз, ама....

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Што сè ние плаќаме

Хармониката како психотропна супстанца

Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин

Третман на работниците

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy