Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За сè.
Пејачката Марија Шерифовиќ секогаш сака да споделува детали од приватниот живот на својот канал на Јутјуб и на социјалните мрежи.
Имено, Марија сега отпатувала на настап, а потоа се сместила во ексклузивен апартман кој им го покажа на фановите.
Потоа следело непријатно изненадување кое не го очекувала.
- Стигнавме во 22 часот и 30 минути, прашав дали можам да вечерам нешто и ме известија дека сите ресторани се затворени, разочарано откри пејачката.
-Зедов рижото со ракчиња, тиквички и пармезан. Ова е мојот прв оброк после некои 27 часа, жими мајка, истакна Шерифовиќ и се препушти на вкусниот ручек.