Македонската фудбалска репрезентација едно време не можеше една трибина да наполни на Градски, а сега има поддршка од сите страни. Убаво е чувството кога ќе видиме како некој од надвор и се радува и ја бодри.
Фановите од супер ѕвездата обично бараат автограм, селфи или дрес, ама овие две Португалки влегоа малку во длабокото. Инаку Роналдо има четири деца, а Георгина е трудна.
Од Тбилиси до Букурешт, а потоа од Скопје, Дуизбург, па до Палермо и Порто и на само 90 минути до Катар. Изгинаа за дресот, ја сплотија нацијата и натераа да ги гледаат и луѓе кои не пратат фудбал. Тим за гордост.
Камерун на луд начин се пласираше на Светско првенство во Катар. Иако пред неколку дена изгубија дома 0-1 од Алжир, синоќа на реваншот победија идентично 0-1 со гол на Ерик Шупо-Мотинг па мечот отиде во продолженија. А таму прво на Алжир му поништија чист гол, па Ахмед Туба во 118’ минута израмни на 1-1 и кога домаќинот само неколку секунди го делеа од Светско првенство, Карл Токо Екамби од Лион дава гол за 1-2 во 120+4’ минута.
Најдобриот португалски фудбалер беше добро покриен од нашите одбранбени фудбалери, но и покрај тоа што не даде гол, му асистираше на Бруно Фернандеш за првиот гол на мечот. Кристијано после средбата објави дека Португалија се пласирала таму каде што реално припаѓа, а дресот после натпреварот со Македонија го даде на неговата најдрага личност.
И покрај тоа што се појавија скаперници кои за чартер без спиење, ги одраа македонските навивачи со по 500 евра, верноста на нашите јунаци и овој пат не изостана од трибини. Царот кој го дупна тапанот за Македонија на Европско, а потоа обезбеди нов, ги бодреше фудбалерите и во Порто.
Или мислат дека е забавен и привлечен за публика што е вака прост, или го држат намерно за со ексцентрични испади да го прави тенисот погледлив. Трето нема. Сега направи глупост на мастерсот во Мајами каде после поразот 2:0 во сетови од Јаник Синер го пцуеше судијата и не се поздрави.
Македонија заслужено една недела беше главна тема во најголемите спортски медиуми во светот. Дечките одиграа храбро и оставија пример за тоа како се носи репрезентативниот дрес. На тоа им честиташе и нивниот доскорешен капитен и вистинска легенда.
На фудбалските натпревари во Африка, особено на оние со масовни посети често доаѓа до слаба организација на редарски служби и безбедност, па неретко се гледаат и трагични сцени од стампеда. Синоќа на овој континент се одиграа 5 исклучително важни реванши за пласман на Светско првенство.
Синоќа ширум светот покрај мечот на Македонија со Португалија, се одиграа и други исклучително важни натпревари за пласман на Светско првенство. Едно дерби одиграа еден против друг соиграчите од Ливерпул, Салах и Мане.
Репрезентацијата на Данска игра фантастичен фудбал и би можела да биде една од селекциите кои ќе се борат за сама завршница на Светското. Синоќа со 3-0 во пријателски меч ја совладаа Србија а гол даде и капитенот и повратник Кристијан Ериксен кој распали од далечина во негов стил. Мајстор.
Нашите фудбалери синоќа имаа огромна поддршка и од екс ју земјите. Илјадници коментари со мотивирачки пораки можеа да се прочитаат на социјалните мрежи, а најмангуп излезе Иван Лончаревиќ од белградското студио на Спортклуб, кој поентираше во 7 секунди.
Ако во Палермо пред 30 и кусур илјади гледачи на моменти атмосферата беше заглушувачки бучна, каква ли ќе биде на 50.000 капацитетниот „Драгао“ во Порто? Нашите играчи покажаа дека можат да се носат со секаков притисок. Сега е последниот чекор пред остварување на сонот.
Со маестрална, храбра, крвава борба, македонските фудбалери оддолеа 92 минути на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо и во последен момент му зададоа нокаут на европскиот првак. Еврогол на Трајковски кој го шокираше светскиот фудбал.
Ако 31 март 2021 е веќе запишан во историјата на македонскиот фудбал кога капитулираше Германија, да го додадеме и 24 март 2022-ра на кој со златни букви запишуваме уште едно резултатско лудило. Италија - Македонија 0:1.
Напаѓачот на Парма и најдобар фудбалер во македонската историја вели дека овој натпревар со Италија е она што најмалку го посакувал, но и дека притисокот сега е на Италија.
На неколку часа пред големиот мегдан Италија - Македонија, капитенот и легенда на Наполи Лоренцо Инсиње на Инстаграм објави фотографија од тренингот на Италијанците. Елмас во коментар му објави неколку македонски знаменца
Европскиот шампион се лизна во квалификациите и од готово направи вересија. Долго време беа први на табела, имаа карта за Катар во рака, но кикснаа во финишот и Швајцарија им го зема првото место, а Аѕурите ги испрати во баражот.
Уште од времето на Франческо Тоти не се видел таков прекрасен гол од слободен удар на вечното римско дерби. Рома славеше 3:0 а третиот гол со кој точка на мечот стави капитенот Лоренцо Пелегрини беше право ремек дело.
Рома во првиот дел од сезоната беше поразена од градскиот ривал Лацио 3:2, но во неделата се одмазди и славеше со убедливи 3:0. Жозе Мурињо беше „пун ко паун“, горделиво даваше изјави после мечот и ја спомна и Македонија.
Како ретко кога во последниве години, фудбалерите на Рома го декласираа најголемиот ривал, Лацио во вечното римско дерби 3:0. Романистите поведоа уште во 56’ секунда од мечот преку англискиот центарфор Теми Абрахам кој искористи една одбиена топка по корнер.