Нигерија минатиот вторник одигра одлични 0-0 на гости кај Гана и пред реваншот во оваа огромна земја сè било спремно за победа и пласман на уште едно Светско првенство.
Домаќинот делел и бесплатни влезници со цел репрезентацијата да добие што поголема поддршка. На стадионот во Абуџа имало најмалку 60.000 гледачи спремни да ја совладаат Гана.
Но гостите овојпат успеаа да дадат еден гол, мечот заврши 1-1 па благодарение на тој златен гол на гости, Гана оди на Мундијал а Нигерија ќе пропушти прво Светско после 2006-та година.
Навивачите на Нигерија не можеа да го поднесат фактот дека ќе мора да чекаат уште четири години за да ја видат својата селекција на Светско, па бесни се спуштија на терен и демолираа се пред себе.
Веднаш после судиската свирка за крај, стотици разулавени хулигани истрчаа на терен и кршеа од рекламни билборди до клупи за резерви. Жива глава спасиле пар стотини гостински навивачи од Гана.