Фудбалот во една фотографија

Камерун на луд начин се пласираше на Светско првенство во Катар. Иако пред неколку дена изгубија дома 0-1 од Алжир, синоќа на реваншот победија идентично 0-1 со гол на Ерик Шупо-Мотинг па мечот отиде во продолженија. А таму прво на Алжир му поништија чист гол, па Ахмед Туба во 118’ минута израмни на 1-1 и кога домаќинот само неколку секунди го делеа од Светско првенство, Карл Токо Екамби од Лион дава гол за 1-2 во 120+4’ минута.

Длабоко во продолженијата на Алжирците им беше поништен чист гол кој Ислам Слимани го постигна со раме, но судијата по гледање на ВАР го поништи зошто проценил дека е игра со рака.

Селекторот на Алжир беше скршен од тага додека Камерунците урлаа од среќа по крајот од мечот.

Покрај Ријад Марез и Алжир, без Светско останаа и Египет и Салах на кого му света со безброј ласери во пенал серија па промаши пенал. Нигерија не оди на Мундијал првпат после цели 16 години па навивачите бесни го демолираа стадионот

На Светско првенство од Африка одат: Мароко, Тунис, Камерун, Гана и Сенегал.

30 март 2022 - 13:45