Што ја чека сега Македонија?

Ако во Палермо пред 30 и кусур илјади гледачи на моменти атмосферата беше заглушувачки бучна, каква ли ќе биде на 50.000 капацитетниот „Драгао“ во Порто? Нашите играчи покажаа дека можат да се носат со секаков притисок. Сега е последниот чекор пред остварување на сонот.

Македонија во вторник го игра најважниот меч во својата фудбалска историја. За пласман на Светско првенство. Противник, можеби најсилен на целиот континент, Португалија и тоа на гости кај нив пред 50.000 бучни гледачи желни да го видат „селесао“ на нов Мундијал.

Португалците ги разграбале картите, стадионот „Драгао“ бил распродаден на само неколку часа по пуштањето на влезници во продажба. Во меѓувреме „Ројтерс“ пишува дека цената на карта на црниот пазар кај препродавачите достигнувала и до 200 евра.

Картите чинеле од 10, 15 до 20 евра а 2.500 се предвидени за македонските навивачи.

КАКОВ Е СОСТАВОТ НА ПОРТУГАЛИЈА?

Поранешниот европски шампион од 2016 (ја урнаа Франција во финале среде Париз) има селекција составена од големи ѕвезди. Португалија е рангирана на високото 8. место на ФИФА ранг листата а вредноста на актуелната селекција иѕнесува вртоглави 782.50 милиони евра.

Најскапо проценет фудбалер според Трансфермаркт им е Жоао Феликс чија пазарна вредност достигнува 70 милиони евра.

Репрезентацијата е спој на младост и искуство а неосетно се прави и смена на генерација па така Руи Патрисио (34), Пепе (39), Жоао Мутињо (35), Роналдо (37) се на заоѓање на репрезентативна кариера и Светското во Катар во ноември би требало да им биде последен настап на најголема сцена.

На мечот со Турција во четвртокот поради позитивен тест или повреди не играа: голманите Руи Патрисио (Рома) и Антони Лопез (Лион), Рубен Невеш (Вулверхемптон), Ренато Санчез (Лил), Пепе (порто) и Жоао Кансело (Манчестер Сити). Сите овие играчи се враќаат за мечот со Македонија (вторник, 20:45).

Со Турција први 11 кои истрчаа на терен беа: Диого Коста (голман, Порто), Рафа Гуериеро (лев бек, Борусија Дортмунд), Жозе Фонте (стопер, Лил), Данило (стопер/среден ред, ПСЖ), Дало (десен бек, Ман. Јунајтед), Жоао Мутињо (среден ред, Вулверхемптон), Бруно Фернандеш (среден ред, Манчестер Јунајтед), Бернардо Силва (среден ред, Манчестер Сити), Отавио (крилен напаѓач, Порто), Диого Жота (крилен напаѓач, Ливерпул), Кристијано Роналдо (Ман. Јунајтед).

Од клупа за резерви влегоа Жоао Феликс (напад, Атлетико Мадрид), Вилијам Карваљо (среден редм Бетис), Рафаел Леао (напад, Милан), Нуњо Мендеш (лев бек, ПСЖ), Матеуш Нуњеш (среден ред, Спортинг).

Португалците имаат страшен напад и среден ред а одбраната дефинитивно им е послаба карика, особено стоперскиот тандем Пепе-Фонте кој заедно има 77 години!

На клупата за резерви селекторот Сантош ги имаше уште и фудбалерот од среден ред Витиња, бекот од Арсенал Седрик Соареш, центарфорот Андре Силва, голманот Хозе Са, центарфорот Гонзало Гуедеш и бекот Тијаго Џало.

Можен состав за Македонија: Диого Кошта, Кансело, Данило, Пепе, Мендеш, Мутињо, Отавио, Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Кристијано Роналдо, Диого Жота.

КАКО ЗАПАДНАА ВО БАРАЖОТ?

И покрај тоа што долго време во квалификациите за Светско првенство беа први, сепак на крај Португалците завршија втори, зад Србија која ги совлада 1-2 во последното коло со гол во последни секунди и ги прати во баражот.

Португалците во полуфиналето играа против Турција, победија 3-1 но многу лесно мечот можеше да отиде во друг правец затоа што Турците промашија пенал при резултат 3-1 во 85’ минута (Јилмаз).

Селекторот Сантош (68 години) во кариерата водеше неколку португалски клубови (Ешторил, Естрела Амадора, Порто, Спортинг и Бенфика), грчки клубови (АЕК, Панатинаикос и ПАОК), ја водеше и репрезентацијата на Грција која што ја одведе на Европско 2012, пред да седне на клупата на репрезентацијата на својата земја во септември 2014.

Од тогаш до денес тој ја направи Португалија европски шампион во 2016, освоија Лига на нации 2018/2019 и беа трети на ФИФА Куп на Конфедерации во 2017-та.

ШТО КАЖАА РОНАЛДО И СЕЛЕКТОРОТ САНТОШ ЗА МАКЕДОНИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА?

28 март 2022 - 13:16