Фудбалската репрезентација на Македонија тргнува од Палермо во 16:30 за Скопје по големиот историски триумф над Италија (0-1) во рамки од полуфиналниот бараж за Мундијалот во Катар.
Според пргорамата, репрезентацијата некаде меѓу 17:30 и 18:00 би требало да слета во Скопје а од Фудбалската федерација на Македонија пренесоа дека постои желба кај играчите за голема средба и прослава со навивачите на централниот градски плоштад во Скопје вечерва.
Синоќа веднаш по чудесната победа илјадници навивачи излегоа на улиците ширум земјава за да ја прослават победата, а за вечерва се најавува уште помасовна дружба и тоа со главните актери од Палермо.
Времето за подготовки на следниот мега дуел со Португалија е кратко, се очекува веќе в недела да се отпатува за Порто и таму да се одработат последните финеси пред средбата со Роналдо и другарите во гротлото на „Драгао“ пред 50.000 гледачи.